Книги - Полиграматон

Книги

Книгите можат да се купат онлајн тука, а достапни се и во овие книжарници.



Сонопотрага по незнајниот Кадат и други привиди
Х. Ф. Лавкрафт
ISBN: 978-608-67040-2-5
430 страници  |  мек повез

Со оваа трета збирка продолжуваме да кремнисуваме во умопоместувачките дела на Лавкрафт, со нагласок на расказите за „Сонишните предели“. Ќе се раскажува за баснословни градови на мечта чие соѕревање е достижно само за најупорните сонувачи, за кошмарни дијании чии брлози се безгазерните бездни на сон, но и за други стравотни собитија од коишто свеста никогаш не ќе може да закрепне.


399 ден

+120 ден достава ширум Македонија. Доставата се плаќа при испорака.


НАСКОРО!

 
Сенката над Инсмот и други грозотии
Х. Ф. Лавкрафт
ISBN: 978-608-67040-1-8
376 страници  |  мек повез

Оваа збирка продолжува кај што „Повикот на Ктхулху и други ужасии“ застана, раскажувајќи за ненавистни гадосии од длабините, светосотирачки закани од позади ѕвездите и научни опити чиј дострел е надвор од синорот на сфатливото. И сѐ ова изразено преку своеобразната проза на Лавкрафт, акрибично преведена да ја долови атмосферата на бизарност и страв која остава траен талог од реава слуз врз свеста на читателот.


399 ден

+120 ден достава ширум Македонија. Доставата се плаќа при испорака.


КУПИ ВЕДНАШ

 
Повикот на Ктхулху и други ужасии
Х. Ф. Лавкрафт
ISBN: 978-608-67040-0-1
352 страници  |  мек повез

Хауард Филипс Лавкрафт (1890 - 1937) е татко на космичкиот хорор. Хорор кој не се потпира на телесна опасност за да го ужасне читателот, туку на можноста за откривање на забранети, исконски тајни од семирски раздобја кои го разбиваат разумот на оној кој ќе ги дознае. ...


399 ден

+120 ден достава ширум Македонија. Доставата се плаќа при испорака.


КУПИ ВЕДНАШ