Елементи во Квенјаските и Синдаринските имиња - Полиграматон

Елементи во Квенјаските и Синдаринските имиња


Овие белешки се собрани за оние кои се интересираат за елдаринските јазици, при што Господарот на Прстените е во голема мера користен за илустрирање на значењата. Белешките се многу стеснати, по потреба, оддавајќи чувство на сигурност и дефинитивност што и не е во целост оправдано; и се многу селективни, што е условено од должината која е земена предвид и од ограниченоста на познавањата на уредникот. Заглавјата не се подредени систематски по корен ниту по синдаринска или квенјаска форма, туку доста произволно, со цел да составните елементи на имињата се направат што е можно полесно воочливи.


Белешка на преведувачот: Тука мора да се напомене и дека термините кои веќе се во множинска форма (Валар, Едаин, Ехориат итн), во главниот текст додатно ја содржат и македонската наставка за множина „и“ (Валари, Едаини, Ехориати итн.) поради запазување на природата на македонскиот јазик и избегнување на непотребно усложнување на текстот, меѓутоа тука истите се запишани во нивната чиста множинска форма (Валар, Едаин, Ехориат итн).


адан (множина Едаин) во Аданедел, Арадан, Дунедаин. За неговото значење и историја види Атани во Индексот.

еилин „езеро, басен“ во Еилин-уиал; сп. со лин (2).

аглар „слава, болскот“ во Дагор Аглареб, Агларонд. Квенјаската форма алкар содржи транспозиција на консонантите: синдаринското аглареб се совпаѓа со Алкаринкве. Коренот е кал- „сјае“.

аина „свет“ во Аинур, Аинулиндале.

алда „дрво“ (Квенја) во Алдарон, Алдудение, Малиналда, со совпаѓа со синдаринското галад (кое се појавува во Карас Галадон и Галадримите од Лотлориен).

алква „лебед“ (алф на Синдарин) во Алквалонде; се појавува и во Анкалагон од коренот алак- „забрзан“.

амарт „судба“ во Амон Амарт, Кабед Неирамарт, Умарат, како и во синдаринската форма на името на Турин „Владетел на Судбата“, Турамарт. Квенјаската форма на зборот се појавува во Турамбар.

амон „рид“, синдарински збор кој се среќава како почетен елемент во многу имиња; множината емин се појавува во Емин Бераид.

анка „челуст“ во Анкалагон (за вториот елемент во ова име види алква).

ан(д) „долг“ во Андрам, Андуин; како и во Анфалас („Долга Рива“) во Гондор, Каир Андрос („брод од долга пена“) ада во Андуин и Ангертас „долги рунски редови“.

андуне „зајдисонце, запад“ во Андуние, кое се совпаѓа со синдаринското аннун, сп. со Аннуминас и Хеннет Аннун „прозорец на зајдисонцето“ во Итилиен. Древниот корен на овие зборови нду што значи „долу, од нависоко“ со појавува и во квенјаското нумен „патот на зајдисонцето, запад“ и во синдаринското дун „запад“, сп. со Дунедаин, адунаикското андун се среќава во Адунакор. Анадуне било заемка од елдаринскиот говор.

анга „железо“, анг на Синдарин, во Ангаинор, Ангбанд, Ангабар, Англахел, Ангрист, Ангрод, Ангуирел, Гуртанг; ангрен „од железо“ во Ангреност, множината енгрин се среќава во Еред Енгрин.

анна „дар“ во Аннатар, Мелиан, Јаванна; од истото стебло потекнува и Андор „Поклонетата Земја“.

аннон „голема врата или порта“, множина еннин, во Аннон-ин-Гелјид; сп. со Мораннон „Црната Порта“ на Мордор и Сираннон, потокот пред Портата на Мориа.

ар- „покрај, надвор“ (од каде што доаѓаат квенјаското ар и синдаринското а), најверојатно во Араман „надвор од Аман“; сп. и со (Нирнеит) Арноидиад „(Солзи) на кои бројот не им се знае“.

ар(а)- „врховен, благороден, кралски“ се појавува во голем број на имиња како Арадан, Аредел, Аргонат, Арнор итн; продолженото стебло арат- се појавува во Аратар и во арато „бранител, кадар човек“, како на пример Ангрод од Ангарато и Финрод од Финдарато; исто и аран „крал“ во Аранрут. Ереинион „кралски ластар“ (името на Гил-галад) ја содржи множината на аран, сп. со Форност Ераин „Кралскиот Хисар“ во Арнор. Префиксот Ар- во адунаикските имиња на Кралевите од Нуменор потекнува оттука.

ариен (Маиата на Сонцето) произлегува од коренот ас- кој се среќава и во квенјаското аре „сончева светлина“.

атар „татко“ во Атанатари (види Атани во Индексот) и во Илуватар.

банд „затвор, апсаана“ во Ангбанд; од првичното мбандо, чијашто квенјаска форма се појавува во Мандос (Ангбанд на Синдарин = Ангамандо на Квенја).

бар „жилиште“ во Бар-ен-Данвед. Древниот збор мбар (мар на Квенја, бар на Синдарин) значело „дом“ на поединци, но и на народи, па така се појавува во многу имиња на места како Бритомбар, Димбар (чијшто прв елемент значи „тажен, притулен“), Елдамар, Вал(и)мар, Винјамар, Мар-ну-Фалмар. Мардил, името на првиот владар-намесник на Гондор значи „посветен на лозата (дворот)“ (т.е. на Кралевите).

барад „кула“ во Барад-дур, Барад Еитер, Барад Нимрас; множинската форма се среќава во Емин Бераид.

белег „силен“ во Белег, Белегеир, Белегост, Леир ку Белег.

браго “ненадеен“ во Дагор Браголлах.

бретил најверојатно значи „сребрена бреза“; сп. со Нимбретил, брезовите кории на Арверниен и Фимбретил, една од Ентиците.

брит „чакал“ во Бритиах, Бритомбар, Бритон.

кален (гален) вообичаениот синдарински збор за „зелен“, во Ард-гален, Тол Гален, Каленардон; како и во Парт Гален („Зелената Ливада“) крај Андуин и Пиннат Гелин („Зелените Бразди“) во Гондор. Види кал-.

кам (од камба) „рака“, но конкретно за рака која е отворена во гест на примање или држење нешто, во Камлост, Ерхамион.

карак- Овој корен се појавува во квенјаското карка „заб“ од што произлегува синдаринската форма карх во Кархарот и во Кархост („Озабена Тврдина“, една од Кулите-заби на влезот на Мордор). Сп. со Карагдур, Карах Ангрен („Железна Челуст“, бедемот и ископот кој го чувал влезот во Удун во Мордор) и Хелкараксе.

каран „црвен“, карне на Квенја, во Карантир, Карнил, Орокарни; како и во Карадрас, од каран-рас, „Црвениот Рог“ на Магливите Планини и Карнимирие „(накитен со) црвени џеваири“, оскорушата во песната на Дрвобрад. Преводот „Црвената Челуст“ на Кархарот во текстот сигурно бил зависен од поврзаноста со овој збор; види карак-.

келеб „сребро“ (телеп, телпе на Квенја, како во Телперион) во Келеборн, Келебриант, Келеброс. Келебримбор значи „сребрена тупаница“, од придавката келебрим „сребрен“ (што не значи „направен од сребро“, туку „како сребро, во боја или по вредност“) и паур (кваре на Квенја) „тупаница“ често употребувано во смисла „рака“; квенјаската форма на името било Телперинквар. Келебриндал се содржи од келебрин и тал, дал „стапало“.

корон „брдо“ во Короллаире (наречено и Корон Оиолаире, збор кој подоцна се појавува со значење „Вечно лето“, сп. со Оиолоссе); сп. со Керин Амрот, големото брдо во Лотлориен.

ку „лак“ во Куталион, Дор Куартол, Леир ку Белег.

куивие „будење“ во Куивиенен (Нен Ехуи на Синдарин). Други изведенки од истиот корен се Дор Фирн-и-Гуинар; коире, првиот почеток на пролетта, ехуир на Синдарин во Прилогот Г во Господарот на Прстените и коимас „животодавен леб“, квенјаското име за лембас.

кул- „златно-црвен“ во Кулуриен.

куру „вештина“ во Куруфин(ве), Курунир.

деи „сенка“ во Дор Деиделот и можеби и во Деирон.

дагор „битка“, коренот е ндак-, сп. со Хауд-ен-Нденгин. Друга изведенка е Дагнир (Дагнир Глаурунга „Погубникот на Глаурунг“).

дел „ужас“ во Делдуват; делот „ненавистност“ во Дор Деиделот.

дин „тивок“ во Дор Динен; сп. со Рат Динен, Тивкиот Сокак во Минас Тирит, како и Амон Дин, еден од светилничките ридови во Гондор.

дол „глава“ во Лориндол; често применувано за ридови и планини, како во Дол Гулдур, Долмед, Миндоллуин (исто и во Нардол, еден од светилничките ридови во Гондор и Фануидол, една од Планините на Мориа).

дор „земја“ (т.е. копно, за разлика од море) изведенка од ндор; се појавува во многу синдарински имиња како Дориат, Дортонион, Ериадор, Гондор, Мордор итн. На Квенја стеблото било споено и помешано со доста поинаквиот збор норе што значело „народ“; изорно Валиноре значело строго „Валарски народ“, а Валандор „Валарска земја“ како и во случајот со Нумен(н)оре „западен народ“ и Нумендор „западна земја“. Квенјаското Ендор „Меѓуземје“ потекнувало од енед „помеѓу“ и ндор; на Синдарин ова станало Еннор (сп. со еннорат „средишни земји“ во распевот А Елберет Гилтониел).

драуг „волк“ во Драуглуин.

ду “ноќ, притуленост“ во Делдуват, Ефел Дуат. Изведено од раното доме, од каде што доаѓа квенјаското ломе; така синдаринското дулин „славеј“ се совпаѓа со ломелинде.

дуин „(долга) река“ во Андуин, Барандуин, Есгалдуин, Малдуин, Таур-им-Дуинат.

дур „темен“ во Барад-дур, Карагдур, Дол Гулдур; како и во Дуртанг (замок во Мордор).

еар „море“ (Квенја) во Еарендил, Еарраме и многу други имиња. Се чини дека синдаринскиот збор геир (во Белегеир) произлегол од истото првично стебло.

ехор во Ехориат „Опкружни Планини“ и Орфалх Ехор; сп. со Раммас Ехор „големиот ѕид на надворешниот круг“ околу полето Пеленнор кај Минас Тирит.

едел „вила“ (Синдарин) во Аданедел, Аредел, Глоредел, Ост-ин-Едил; како и во Передил „Полу-вилен“.

еител „извор“ во Еител Иврин, Еител Сирион, Барад Еител; како и во Митеител, реката Сивобуица во Ериадор (крстена по нејзиниот вруток). Види кел-.

ел, елен „ѕвезда“. Според вилинските легенди, еле бил првобитниот извик „Види!“ изустен од Вилите кога за прв пат ги виделе ѕвездите. Од ова потекло произлегуваат древните зборови ел и елен што значат „ѕвезда“ и придавките елда и елена што значат „ѕвездена “. Овие елементи се појавуваат во голем број на имиња. За подоцнежната употреба на името Елдар види во Индексот. Синдаринскиот еквивалент на Елда бил Едел (множина Едил); но формата која одговарала во најстрога смисла била Елед, која се појавува во Еледвен.

ер „еден, сам“, во Амон Ереб (сп. со Еребор, Осамената Планина), Ерхамион, Ерессеа, Еру.

ерег „трн, бодлика“ во Ерегион, регион.

есгал „вез, скриеност“ во Есгалдуин.

фалас „брег, линија на пена“ (фалассе на Квенја) во Фалас, Белфалас; како и во Анфалас во Гондор. Сп. со Фалатар, Фалатрим. Друга изведенка од коренот било квенјаското фалма „(засртен) бран“, откаде што доаѓа Фалмари, Мар-ну-Фалмар.

фарот произлегува од корен кој значи „лови, гони“; во Епопејата за Леитиан Таур-ен-Фарот над Нарготронд се наречени „Ридови на Ловците“.

фауг- „зјајнат“ во Анфауглир, Анфауглит, Дор-ну-Фауглит.

феа „дух“ во Феанор, Феантури.

фин- „коса“ во Финдуилас, Фингон, Финрод, Глорфиндел.

формен „север“ (Квенја) во Форменос; синдаринската форма форн (како и фор, фород) се среќава во Форност.

фуин „мрачнина, темнина“ (хуине на Квенја) во Фуинур, Таур-ну-Фуин.

геир „море“ во Белегеир (и во Геирис, синдаринското име на Оссе). Се велело дека зборот произлегува од стеблото гаја „стравопочит, фрас“ и дека бил име сковано за широкото и ужасно Големо Море кога Елдарите за прв пат стигнале до неговите брегови.

гаур „врколак“ (од коренот нгвав- „виеж“) во Тол-ин-Гаурот.

гил „ѕвезда“ во Дагор-нуин-Гилиат, Осгилиат (гилиат „група ѕвезди“); Гил-Естел, Гил-галад.

гирит „растреперен“ во Нен Гирит; сп. со Гиритрон, името на последниот месец во годината на Синдарин (Господарот на Прстените Прилог Г).

глин „блесок“ (особено кога се зборува за очи) во Меиглин.

голод е синдаринската форма на квенјаското Нолдо; види гул. Множината се среќава во Голодрим и Гелјид (во Аннон-ин-Гелјид).

гонд „камен“ во Гондолин, Гондор, Гоннхиррим, Аргонат, серегон. Името на скриениот град на Крал Тингол кое тој самиот му го дал на Квенја било Ондолинде (Квенја ондо = Синдарин гонд и линде „пеење, песна“); но во легендите градот отсекогаш бил познат по синдаринската форма Гондолин, што најверојатно било протолкувано како гонд-долен „Скриена Карпа“.

 гор „ужас, фрас“, во Гортаур, Гортол; горот е со исто значење и се среќава удвоено со гор во Горгорот, Еред Горгорот.

грот (грод) „ископина, подземно жилиште“ во Менегрот, Ногрод (најверојатно и во Нимродел, „дама на белата пештера“). Ногрод првично било Новрод „шупливо жилиште“ (поради што е и преведено како Шуплипраг), но се изменило под влијание на науг „џуџе“.

гул „маѓепсништво“ во Дол Гулдур, Минас Моргул. Овој збор бил изведен од истото древно стебло нгол- кое се појавува и во Нолдор; сп. со квенјаското ноле „долго учење, мајсторија, знаење“. Но смислата на синдаринскиот збор била зацрнета поради честата употреба во склоп со моргул „црна вражба“.

гурт „смрт“ во Гуртанг (види и Мелкор во Индексот).

гваит „народ“ во Гваит-и-Мирдаин; сп. со Енедваит „Средишен народ“, име на земјата помеѓу Сивобуица и Ајзен.

гвал, ват „сенка“ во Делдуват, Ефел Дуат; како и во Гватло, реката Сивобуица во Ериадор. Сродни форми се среќаваат во Еред Ветрин, Турингветил. (Овој синдарински збор се однесувал на притулена светлина, а не на сенките кои предметите ги фрлаат врз светлината: тие биле наречени морхаинт „темни форми“).

хадод во Хадордонд (превод на Казад-дум) било „Казад“ искажано со синдарински гласови.

хауд „брдо“ во Хауд-ен-Арвен, Хауд-ен-Еллет итн.

херу „владар“ во Херумор, Херунумен; синдаринското хир се среќава во Гоннхиррим, Рохиррим, Барахир; хирил „дама“ во Хирилорн.

хим „ладен“ во Химлад (и Химринг?).

хин „чеда“ во Ерухини „Чеда на Еру“; Нарн и хин Хурин.

хит „магла“ во Хитеиглир, Хитлум (како и во Нен Хитоел, езеро на Андуин). Хитлум е синдаринска форма прилагодена од квенјаското име Хисиломе сковано од нолдоринските сургунџии (хисие „магла“ на Квенја, сп. со Хисиме, името на единаесеттиот месец во годината. Господарот на Прстените Прилог Г).

от „свита, ордија“ (скоро секогаш во негативна смисла) во Тол-ин-Гаурот; како и Лосс(х)от, Снежните луѓе од Форохел (Господарот на Прстените Прилог А) и Гламот „ѓурулти-ордија“, име за Орките.

хјармен „југ“ (Квенја) во Хјарментир; хар-, харн, харад на Синдарин.

иа „небиднина, бездна“ во Мориа.

иант „мост“ во Иант Иаур.

иат „авлија“ во Дориат.

иаур „стар“ во Иант Иаур; сп. со вилинското име за Бомбадил, Иарваин.

илм- Oва стебло се појавува во Илмен, Илмаре, како и во Илмарин („палатa на високите пространства“, жилиштето на Манве и Варда врз Оиолоссе).

илуве „цело, сѐ“ во Илуватар.

кал (гал-) Овој корен со значење „сјае“ се појавува во Калакирја, Калаквенди, Тар-Калион; галворн, Гил-галад, Галадриел. Последните две имиња не се поврзани со синдаринското стебло галад, иако во случајот со Галадриел, таквата врска често била правена. Во врховниот вилински говор нејзиното име било Ал(а)тариел, изведено од алата „блесок“ (галад на Синдарин) и риел „овенчана мома“ (од коренот риг- „плете, прави венец“): целосното значење „мома крунисана со блескав венец“ се однесувало на нејзината коса. Кален (гален) „зелен“ во етимолошка смисла е „светол“ и произлегува од овој корен; види и аглар.

кано „заповедник“ Овој квенјаски збор е потеклото на вториот елемент во Фингон и Тургон.

кел- „заминува“, за вода „протекува, се спушта“, во Келон; од ет-келе „водно извориште, кладенец“ произлегло, преку транспозиција на консонантите, квенјаското етеле, еител на Синдарин.

кемен „земја“ во Кементари; квенјаски збор што се однеува на земјата како рамна подлога под менел, небесата.

келиек- „мраз“ во Хелкар, Хелкараксе (хелка „замразен, леден“ на Квенја). Но во Хелеворн првиот елемент е синдаринското хелед „стакло“, земено од куздулското келед, сп. со Келед-зарам „Стакленвир“); Хелеворн значи „црно стакло“ (сп. со галворн).

кил- „следи“ во Хилдор, Хилдориен, Елухил.

кир- „сече, цепи“ во Калакирја, Кирт, Ангертас, Кирит (Нинниах, Торонат). Од значењето „брзо минува низ“ произлегло квенјаското кирја „брод со остар клун“ и ова значење може да се најде во Кирдан, Тар-Кирјатан, а несомнено и во името на синот на Исилдур Кирјон.

лад „рамнина, долина“ во Дагорлад, Химлад; имлад тесна долина со стрмни страни, во Имладрис (сп. и со Имлад Моргул во Ефел Дуат).

лауре „злато“ (но во смисла на сјај и боја, а не за самиот метал) во Лаурелин; синдаринските форми се среќаваат во Глоредел, Глорфиндел, Лоиг Нинглорон, Лориндол, Ратлориел.

лах „разигран пламен“ во Дагор Браголлах и најверојатно во Англахел (мечот направен од Еол од метеорско железо).

лин (1) „басен, вир“ во Линеивен (кое содржи еив [аиве на Квенја] „мала птица“), Теиглин; сп. со еилин.

лин- (2) Овој корен со значење „пее, оддава музички звук“, се појавува во Аинулиндале, Лаурелин, Линдар, Линдон, Еред Линдон, ломелинди.

лит „пепел“ во Анфауглит, Дор-ну-Фауглит; како и во Еред Литуи, Пепелните Планини кои ја сочинувале северната граница на Мордор и Литлад „Пепелната Рамнина“ во подножјето на Еред Литуи.

лок- „витка, мота“ во Урулоки ([х]локе „змија, аспида“ на Квенја, луг на Синдарин).

лом „одек“ во Дор-ломин, Еред Ломин; во сродство со овој збор се и Ламмот, Лантир Ламат.

ломе „самрак“ во Ломион, ломелинди; види ду.

лонде „копнен пристан“ во Алквалонде; синдаринската форма лонд (лонн) се среќава во Митлонд.

лос „снег“ во Оиолоссе (оио „вечно“ и лоссе „снег, снежно бел“ на Квенја); синдаринското лосс се среќава во Амон Уилос и Еиглос.

лот „цвеќе“ во Лотлориен, Нимлот; квенјаското лоте се среќава во Нинквелоте, Вингилоте.

луин „син“ во Еред Луин, Хеллуин, Луинил, Миндоллуин.

меиг „остар, продорен“ (маика на Квенја) во Меиглин.

мал- „злато“ во Малдуин, Малиналда; како и во маллорн и во полето Кормаллен, што значи „златен круг“, кое било крстено по дрвата од видот кулумалда кои таму раснеле (види кул-).

ман- „добар, блажен, неизвалкан“ во Аман, Манве; изведенки од Аман се среќаваат во Амандил, Араман, Уманјар.

мел- „љубов“ во Мелиан (од Мелјанна „драг дар“); ова стебло исто така се среќава и во синдаринскиот збор меллон „пријател“ во натписот на западната порта на Мориа.

мен „пат“ во Нумен, Нјармен, Ромен, Формен.

менел „небесата“ во Менелдил, Менелмакар, Менелтарма.

мерет „гозба“ во Мерет Адертад; исто и во Меретронд, Салата на Гозби во Минас Тирит.

минас „кула“ во Аннуминас, Минас Анор, Минас Тирит итн. Истото стебло се среќава и во други зборови кои се однесуваат на изолирани, импозантни нешта како на пример Миндоллуин, Миндон; најверојатно во сродство со квенјаското минја „прв“ (сп. со Тар-Минјатур, името на Елрос како прв Крал на Нуменор).

мир „џеваир“ (мире на Квенја) во Елеммире, Гваит-и-Мирдаин, Мииел, Наугламир, Тар-Атанамир.

мит „сив“ во Митлонд, Митрандир, Митрим; како и во Митеител, реката Сивотечица во Ериадор.

мор „темен“ во Мордор, Моргот, Мориа, Мориквенди, Мормегил, Морвен итн.

мот „самрак“ во Нан Елмот.

нан(д) „долина“ во Нан Дунгортеб, Нан Елмот, Нан Татрен.

нар „оган“ во Нарсил, Нарја; присутен и во првичната форма на Аигнор (Аиканаро „Остар Пламен“ или “Лут Оган“) и Феанор (Феанаро „Дух на Огнот). Синдаринската форма била наур, како во Саммат Наур, Огнените Одаи во Ородруин. Произлезено од истиот древен корен (а)нар било и името на Сонцето, Анар на Квенја (исто и во Анарион), Анор на Синдарин (сп. со Минас Анор, анориен).

науг „џуџе“ во Наугрим; види исто така и Ногрод под заглавјето грот. Сроден со овој е и еден друг синдарински збор за „џуџе“, ногот, ноигјит во множина (Ноигјит Нибин „Ситни Џуџиња“) и ноготрим.

-(н)дил е многу честа наставка за лични имиња, Амандил, Еарендил (скратено во Еарнил), Елендил, Мардил итн; означува „посветеност“, „несебична љубов“ (види Мардил под заглавјето бар).

-(н)дур во имиња како Еарендур (скратено во Еарнур) е со слично значење како и -(н)дил.

нелдор „бука“ во Нелдорет; се чини дека ова било правото име на Хирилорн, големата бука со три стебла (нелде „три“ и орн).

нен „вода“, употребено за езера, басени и помали реки, во Нен Гирит, Неннинг, Ненуиал, Ненја; Куивиенен, Уинен; а и во многу имиња во Господарот на Прстените како Нен Хитоил, Бруинен, Емин Арнен, Нурнен. Нин „влажен“ во Лоиг Нинглорон; како и во Ниндалф.

ним „бел“ (од раното нимф, нимп) во Нимбретил, Нимлот, Нимфелос, нифредил (нифред „бледост“), Барад Нимрас, Еред Нимраис. Квенјаската форма била нинкве, па така Нинквелоте = Нимлот. Сп. и со Таникветил.

орн „дрво“ во Келеборн, Хирилорн; сп. со Фангорм (Дрвобрад) и маллорн, множина меллирн, дрвата во Лотротиен.

ород „планина“ во Ородруин, Тангородрим; Орокарни, Оромет. Множината еред се среќава во Еред Енгрим, Еред Линдон итн.

ос(т) „тврдина“ во Ангреност, Белегост, Форменос, Форност, Мандос, Нарготронд (од Нарог-ост-ронд), Ос(т)гилиат, Ост-ин-Едил.

палан (квенјакси) „надалеку и нашироко“ во Палантири, Тар-Палантир.

пел- „заобиколи, опкружи“ во Пеларгир, Пелори и во Пеленнор, „оградената земја“ на Минас Тирит; како и во Ефел Брандир, Ефел Дуат (ефел од ет-пел „надворешна ограда“).

квен- (квет-) „вели, зборува“ во Квенди (Калаквенди, Лаиквенди, Мориквенди), квенја, Валаквента, Квента Силмарилион. Синдаринските форми имаат п (или б) наместо кв, на пример педо „зборува“ во натписот на западната порта на Мориа одговара на квенјаското стебло квет и во зборовите на Гандалф пред портатам ласто бет ламмен „чуј го зборот што го думам“, каде што бет „збор“ се совпаѓа со квенјаското кветта.

рам „ѕид“ (рамба на Квенја) во Андрам, Рамдал; како и во Раммас Ехор, ѕидот околу полето Пеленнор кај Минас Тирит.

ран- „талка, лута“ во Рана, Месечината и во Митрандир, Еирандир; како и во реката Гилреин во Гондор.

рант „тек“ во имињата на реките Адурант (заедно со аду „двоен“) и Келебрант („Сребреномадем“).

рас „рог“ во Барад Нимрас, како и во Карадрас („Црвенрог“) и Метедрас („Последен Врв“) на Магливите Планини; множината раис се среќава во Еред Нимраис.

рауко „демон“ во Валараукар; синдаринското рауг, рог се среќава во Балрог.

рил „болскот“ во Идрил, Силмарил; како и во Андурил (мечот на Арагорн) и митрил (мориско сребро). Квенјаската форма на името на Идрил била Итарилле (или Итарилде), од стеблото ита- „светка“.

рим „голем број, свита“ (римб на Квенја) често бил употребуван за образовање збирна множина како на пример Голодрим, Митрим (види во Индексот), Наугрим, Тангородрим итн.

ринг „студ, студенило“ во Рингил, Рингвил, Химринг; како и во реката Рингло во Гондор и Рингаре, квенјаското име на последниот месец во годината (Господарот на Прстените Прилог Г).

рис „цепи“ се чини дека било споено со стеблото крис- со слично значење (изведенка од коренот кир- „цепи, сече“); оттаму доаѓаат Ангрист (како и Оркрист „Гоблинорежачот“, мечот на Торин Дабовштит), Криссеигрим, Имладрис.

рох „коњ“ (рокко на Квенја) во Рохаллор, Рохан (од Роханд „земја на коњи“), Рохиррим; како и Рохерин „коњот на дамата“ (сп. со херу), коњот на Арагорн кој бил така наречен затоа што му го дала Арвен (Враќањето на Кралот).

ром- стебло употребувано за звукот на труби и рогови кое се појавува во Ороме и Валарома; сп. со Бема, името на овој Вала на јазикот на Рохан преведено на англо-саксонски во Господарот на Прстените Прилог А: беме е „труба“ на англо-саксонски.

ромен „воздигање, изгрејсонце, исток“ (Квенја) во Роменна. Синдаринските зборови за „исток“, рун (во Талат Рунен) и амрун, биле со исто потекло.

ронд значело засводен или куполест покрив, или голема сала или одаја со таков таван; оттука доаѓа Нарготронд (види ост), Хадодронд, Агларонд. Можело да се примени и за небесата, од што доаѓа и името Елронд „ѕвездена купола“.

рос „пена, морски блискот, плисок“ во Келеброс, Елрос, Раурос; како и во Каир Андрос, ада во реката Андуин.

руин „црвен пламен“ (рунја на Квенја) во Ородруин.

рут „лутина“ во Аранрут.

сарн „(мал) камен“ во Сарн Атрад (Бродот Сарн на Брендивин е полу-превод на ова); како и во Сарн Гебир („камени шилци“: кебер, множина кебир „колци“), брзаците на реката Андуин. Изведенка на овој збор е Серни, река во Гондор.

серег „крв“ (серке на Квенја) во серегон.

сил- (и варијантата тил-) „сјае (со бела или сребрена светлина)“ во Белтил, Галаталион, Силпион, како и во квенјаското Исил и синдаринското Итил, Месечината (од каде што доаѓаат Исилдур, Нарсил, Минас Итил, Итилиен). Квенјаскиот збор Силмарили се вели дека потекнува од името силима кое Феанор ѝ го дал на тварта од која биле направени.

сир „река“, од коренот сит- „тече“, во Оссирианд (првиот елемент е од стеблото на бројот „седум“, отсо на Квенја, одо на Синдарин), Сирион; како и во Сираннон („Капијскиот кладенец“ на Мориа) и Сирит („течење“, како што е тирит „гледање“ од тир), река во Гондор. Со промена на с во х на средината на зборот пристуен е и во Минхириат „помеѓу реките“, пределот помеѓу Брендивин и Сивобуица; во Нандухирион „долина на притулени потоци“ и во Етир Андуин, истекот или утоката на Андуин (од ер-сир).

сул „ветер“ во Амон Сул, Сулимо; сп. со сулиме, квенјаското име за третиот месец во годината (Господарот на Прстените Прилог Г).

тал (дал) „стапало“ во Келебриндал и со значење „крај“ во Рамдал.

талат „рамница, рамнина“ во Талат Дирнен, Талат Рунен.

тар- „висок“ (тара „вишен“ на Квенја), префикс кај квенјаските имиња на нуменорските Кралеви; исто така и во Аннатар. Женската форма тари „онаа која е висока, Кралица“ се среќава во Елентари, Кементари. Сп. со тарма „столб“ во Менелтарма.

татар „врба“, придавката татрен се среќава во Нан-татрен; квенјаското тасаре се среќава во Тасаринан, Нан-тасарион (види Нан-татрен во Индекост).

таур „корија, шума“ (тауре на Квенја) во Таурон, Таур-им-Дуинат, Таур-ну-Фуин.

тел- „заврши, сврши, е последен“ во Телери.

талион „силен, срчовен“ во Куталион, Талион.

тонг „угнетување“ во Тангородрим, како и во Дуртанг (замок ко Мордор). Квенјаското санга значело „притиска, калабалак“, од каде што доаѓа Сангахјандо „Толпо-цепач“, име на човек во Гондор (Господарот на Прстените Прилог А).

тар- „„вшир, попреку“ во Сарн Атрад, Таргелион; исто и во Тарбад (од тара-пата „премин“) каде што древниот пат од Арнор и Гондор се вкрстувал со Сивобуица.

таур „грозен, ненавистен“ во Саурон (од Таурон), Гортаур.

тин(д) „сив“ во Тингол; квенјаското синда се среќава во Синдар, Синголло (Синдаколло: колло „плашт“).

тол „шлем“ во Дор Куартол, Гортол.

тон „бор“ во Дортонион.

торон „орел“ во Торондор (Соронтар на Квенја), Кирит Торонат. Квејнаската форма е можеби присутна во името на соѕвездиетео Соронуме.

тил „врв, рог“ во Таникветил, Тилион („Рогат“); како и во Келебдил „Сребреношило“, една од планините на Мориа.

тин- „светка“ (тинта „прави да светка“ и тинве „искри“ на Квенја) во Тинталле; исто и во тиндоме „ѕвезден самрак“ (Господарот на Прстените Прилог Г), од каде што доаѓа тиндомерел „ќерка на самракот“, поетското име за славејот (Тинувиел на Синдарин). Се среќава и во синдаринското итилдин „ѕвездена месечина“, тварта од којашто биле направени ознаките врз западната порта на Мориа.

тир „гледа, варди“ во Минас Тирит, палантири, Тар-Палантир, Тирион.

тол „острово, ада“ (што стрмно се крева од морето или од река) во Тол Ерессеа, Тол Гален итн.

тум „долина“ во Тумхалад, Тумладен; тумбо на Квенја (сп. со тумбалеморна на Дрвобрад „црна длабока долина“, Двете Кули). Сп. со Утумно, Удун на Синдарин (Гандалф во Мориа Балрогот го нарекол „Удунски Пламен“), име кое подоцна било употребувано за длабокиот дол во Мориа помеѓу Мораннон и Ајзензјај.

тур „моќ, господарство“ во Турамбар, Тургон, Турин, Феантури, Тар-Минајатур.

уиал „самрак“ во Еилин-Уиал, Ненуиал.

ур- „жештина, жежи“ во Урулоки; сп. со Уриме и Уруи, квенјаското и синдаринското име за осмиот месец во годината (Господарот на Прстените Прилог Г). На ова сроден е и квенјскиот збор ауре „сончева светлина, ден“ (сп. со извикот на Фингон пред Нирнеит Арноидиадод), аур на Синдарин, кој во формата ор- стои како претставка во имињата на деновите во неделата.

вал- „моќ“ во Валар, Валакирка, Валаквента, Валараукар, Вал(и)мар, Валинор. Првичното стебло било бал-, зачувано во синдаринското Балан, множина Белаин, Валар, како и во Балрог.

вен „мома“ е честа наставка, како на пример во Еарвен, Морвен.

винг „пена, плисок“ во Елвинг, Вингилот (и само во овие две имиња).

јаве „овошје“ (Квенја) во Јаванна; сп. со Јаванние, квенјаското име за деветтиот месец во годината и јавие „есен“ (Господарот на Прстените Прилог Г).