Индекс на имиња во Силмарилионот - Полиграматон

Индекс на имиња во Силмарилионот


Поради тоа што бројот на имиња во Силмарилионот е многу голем, овој индекс нуди краток приказ на секој лик и место. Овие прикази не се резиме на сѐ она што е кажано во текстот и за повеќето од централните ликови во приказната се многу куси; но таквиот индекс би бил неизбежно гломазен, па затоа на различни начини му ја намалив големината.

Главен во сите овие работи е фактот што многу често македонскиот превод на вилинските имиња е исто така независно употребен и како самостојно име; така на пример жилиштето на Крал Тингол е наречено и Менегрот и „Илјадните Пештери“ (па и со двете имиња заедно). Во повеќето случаи ги споив вилинското име и неговото преведено значење под еден запис. На македонските варијанти им се дадени посебни заглавија, но тие само посочуваат кон главниот запис и ги има само ако имињата се појавиле самостојно. Зборовите во наводници се преводи; многу од овие се појавуваат и во текстот (како Тол Ерессеа „Осаменото Острово“), но имам додадено и мноштво други. Податоци за некои од имињата кои не се преведени можат да се најдат во Елементи во Квенјаските и Синдаринските имиња.

Што се однесува на многуте титули и формални изрази на македонски чии вилински оригинали не се дадени, како на пример „Првиот Крал“ или „Двете Роди“, бев селективен, но најголемото мнозинство од нив се запишани.


Аваллоне, пристан и град на Елдарите на Тол Ерессеа; според Акаллабетот така крстен „зашто од сите градови е најблизу до Валинор“.

Авари „Неволните, Одбивачите“, име кое им било дадено на сите оние Вили кои одбиле да се приклучат на западниот поход од Куивиенен. Види Елдари и Темни Вили.

Аватар „Сенките“, арнисаната земја на брегот од Аман јужно од Заливот на Елдамар помеѓу Пелорите и Морето, каде Мелкор се сретнал со Унголиант.

Агарвеин „Крвојсан“, име кое Турин си го ставил кога дошол во Нарготронд.

Агларонд „Блескавата Пештера“ во Хелмовата Длабина во Еред Нимраис.

Аглон „Тесниот Премин“, помеѓу Дортонион и висините на запад од Химринг.

Аданедел „Човекот Вила“, име кое му било дадено на Тургон во Нарготронд.

Адунакор „Владар на Западот“, име присвоено од деветнаесеттиот Крал на Нуменор, првиот кој си ставил име на адунаикски (нуменорски) јазик; името на Квенја му било Херунумен.

Адурант, шестата и најјужна од притоките на Гелион во Оссирианд. Името значи „двоен поток“ и се однесува на нејзиното течение разделено околу островот Тол Гален.

Азагал, Владарот на Џуџињата во Белегост; го ранил Глаурунг во Нирнеит Арноидиадот и бил убиен од него.

Аигнор, четвртиот син на Финарфин, кој заедно со брат му Ангрод ги држел западните падини на Дортонион; загинал во Дагор Браголатот. Името значи „Свиреп Оган“.

Аинулиндале „Музиката на Аинурите“, наречена и Големата Музика (Музиката), Големата Песна (Песната). Исто така е и името на записот за Постанокот за кој се велело дека бил составен од Румил од Тирион во Дамните Дни.

Аинури „Светите“ (еднина Аину), првите битија создадени од Илуватар, „редот“ на Валарите и Маиарите створени пред Еа.

Ајзенгард, превод (во јазикот на Рохан) на вилинското име Ангреност.

Акаллабет „Погибелениот“, адунаикски (нуменорски) збор еднаков по значење со квенјаското Аталанте. Исто така е и насловот на записот за Погибелот на Нуменор.

Алдарон „Владар на Дрвата“, квенјаско име за Валата Ороме, сп. со Таурон.

Алдудение „Тажачка за двете дрва“, истворена од ванјаринската Вила по име Елеммире.

Алкаринкве „Величенствената“, име на ѕвезда.

Алкарондас, големиот брод на Ар-Фаразон во којшто тој отпловил до Аман.

Алквалонде „Пристанот на Лебедите“, главниот град и пристан на Телерите на бреговите на Аман.

Алмарен, првата домовина на Валарите во Арда пред вториот налет на Мелкор: ада во едно големо езеро сред Меѓуземјето.

Аман „Блажен, слободен од зло“, името на земјата на Запад зад Големото Море во којашто домувале Валарите откако го напуштиле Островото Алмарен. Често наречена и Блаженото Кралство.

Амандил „Миленик на Аман“, последниот владар на Андуние во Нуменор, потомок на Елрос и татко на Елендил; тргнал на пловидба кон Валинор и не се вратил.

Амарие, ванјаринска Вила, саканата на Финрод Фелагунд која останала во Валинор.

Амлах, син на Имлах синот на Марах; водач на размирницата помеѓу Луѓето од Естолад кој, каејќи се, стапил во служба кај Меидрос.

Амон Амарт „Судната Планина“, името кое ѝ било дадено на Ородруин кога нејзините огништата повторно се пробудиле по враќањето на Саурон од Нуменор.

Амон Гварет, врвот врз којшто бил изграден Гондолин сред рамнината Тумладен.

Амон Ереб „Осамениот Рид“ (исто и само Ереб) помеѓу Рамдал и реката Гелион во Источен Белерианд.

Амон Етир „Ридот на Ушаци“ кренат од Финрод Фелагунд на исток од вратите на Нарготронд.

Амон Обел, рид сред Шумата Бретил врз којшто бил изграден Ефел Брандир.

Амон Руд „Ќелавниот Рид“, осамена висина во земјата јужно од Бретил; жилиште на Мим и упориште на одметничката тајфа на Турин.

Амон Сул „Рид на Ветерот“ во Кралството Арнор („Ветроврв“ во Господарот на Прстените)

Амон Уилос, синдаринско име за Оиолоссе.

Амрас, брат близнак на Амрод; најмладиот од синовите на Феанор; загинал заедно со Амрод во врз нападот на народот на Еарендил кај Устијата на Сирион.

Амрод, види Амарас.

Анадуне „Западна Краина“, името на Нуменор на адунаикскиот (нуменорскиот) јазик (види Нуменор).

Анар, квенјаско име за Сонцето.

Анарион, помладиот син на Елендил кој со татко му и брат му Исилдур избегал од Потопувањето на Нуменор и во сургун ги основал нуменорските кралства во Меѓуземјето; владар на Минас Анор; загинал во опсадата на Барад-дур.

Анаррима, име на соѕвездие.

Анах, премин кој водел надолу од Таур-ну-Фуин (Дортонион) врз западниот крај на Еред Горгорот.

Ангабар „Железни ископини“, рудник во Опкружните Планини околу рамнината на Гондолин.

Ангаинор, синџирот искован од Ауле со кој Мелкор на два пати бил врзан.

Ангбанд „Железен Затвор, Адот од Железо“, големата тврдина и зандана на Моргот во северозападниот дел на Меѓуземјето.

Англахел, мечот направен од метеорско железо кој Тингол го добил од Еол и кој му го дал на Белег; преименуван во Гуртанг откако бил прекован за Турин.

Ангреност „Железна Тврдина“, нуменорска тврдина на западните граници на Гондор, подоцна населена од волшебникот Куруфин (Саруман); види Ајзенгард.

Ангрим, татко на Горлим Несреќниот.

Ангрист „Железорежач“, ножот направен од Телкар од Ногрод кој Берен му го зел на Куруфин и го употребил за да го исече Силмарилот од круната на Моргот.

Ангрод, третиот син на Финарфин, кој заедно со брат му Аигнор ги држел северните падини на Дортонион; загинал во Дагор Браголлахот.

Ангуирел, мечот на Еол, направен од истиот метал како и Англахел.

Андор „Поклонетата Земја“, Нуменор.

Андрам „Долгиот Ѕид“, името на падината-делник што напреку го сечела Белерианд.

Андрот, пештери во ридовите на Митрим каде што Сивите Вили го пораснале Туор.

Андуин „Долгата Река“, источно од Магливите Планини; наречена и Големата Река и реката.

Андуние, град и пристан на западниот бред на Нуменор.

Анкалагон, најголемата од крилатите ламји на Моргот, уништен од Еарендил.

Аннатар „Владар на Дарови“, име кое Саурон си го ставил во Втората Ера во времето кога им се претставувал во личен облик на Елдарите кои останале во Меѓуземјето.

Аннеил, Сива Вила од Митрим, очув на Туор.

Аннон-ин-Гелјид „Портата на Нолдорите“, влез во подземниот водотек во западните ридови на Дор-ломин кој водел до Кирит Нинниах.

Аннуминас „Кула на Западот“ (т.е. на Западната Краина, Нуменор); градот на Кралевите на Арнор крај Езерото Ненуиал.

Анор, види Минас Анор.

Анфауглир, име за волкот Кархарот, во текстот преведено како „Жедното Забало“.

Анфауглит, име за рамнината Ард-гален по нејзиното опустошување од страна на Моргот во Битката на Ненадеен Пламен; во текстот преведено како „Закатанчената Прав“. Сп. со Дор-ну-Фауглит.

Апанонар „Потемродените“, вилинско име за Луѓето.

Арагорн, триесет и деветтиот наследник од право колено на Исилдур; Крал на повторно обединетите царства Арнор и Гондор по Војната на Прстенот; се венчал со Арвен, ќерката на Елронд. Наречен Наследникот на Исилдур.

Арадар, Синдаронско име за Малах, синот на Марах.

Араман, пуста пустелија на брегот на Аман помеѓу Пелорите и Морето која се протегала на север до Хелкараксе.

Аранве, Вила од Гондолин, татко на Воронве.

Аранел, име за Диор, Тинголовиот Наследник.

Аранрут „Кралска Јарост“, името на мечот на Тингол. Аранрут го преживеал запустувањето на Дориат и бил наследие на Кралевите на Нуменор.

Аратан, вториот син на Исилдур; загинал заедно со него на Калуѓеркино Поле.

Аратари „Возвишените“, осумте Валари со најголема моќ.

Араторн, таткото на Арагорн.

Арвениен, крајбрежните предели на Меѓуземјето западно од устијата на Сирион. Сп. со песната на Билбо во Режендол: „Еарендил бил морепловец кој талкал низ Арвениен...“.

Ар-Гимилзор, дваесет и втори Крал на Нуменор, прогонител на Елендилите.

Аргонати „Кралски Камења“, Кралските Столбови, големи резби на Исилдур и Анарион крај Андуин на влезот на северните граници на Гондор.

Арда „Царството“, име за Земјата како кралство на Манве.

Ард-гален, големата тревна рамнина северно од Дортонион; по нејзиното опустошување наречена Анфауглит и Дор-ну-Фауглит. Името значи „Зелен Предел“; сп. со Каленардон (Рохан).

Аредел „Благородна Вила“, сестрата на Тургон од Гондолин која Еол ја заптисал во Нан Елмот и која му го родила Меиглин; наречена и Ар-Феиниел, Белата Нолдорска Дама, Белата Дама на Гондолин.

Ар-Зимрафел, види Мириел (2).

Ариен, Маиа, одбрана од Валарите да го води чунот на Сонцето.

Арменелос, градот на Кралевите на Нуменор.

Арминас, види Гелмир.

Арнисани Вили, види Еглати.

Арнор „Кралска Земја“, северното царство на Нуменорците во Меѓуземјето основано од Елендил по неговото бегство од Потопувањето на Нуменор.

Арос, најјужната река во Дориат.

Ароссиах, Бродовите на Арос близу северо-источниот раб на Дориат.

Ар-Сакалтор, татко на Ар-Гимилзор.

Артад, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Ар-Фаразон „Златниот“, дваесет и четврти и последен Крал на Нуменор; на Квенја наречен Тар-Калион; го заробил Саурон и бил од него заведен; заповедник на големата флота која тргнала против Аман.

Ар-Феиниел, види Аредел.

Аскар, најсеверната од утоките на Гелион во Оссирианд (подоцна наречена Ратлориел). Името значи „забрзана, развиорена“.

Асталдо „Јунакот“, име за Валата Тулкас.

Аталанте „Погибелениот“, квенјаски збор еднаков по значење со Акаллабет.

Атанамир, види Тар-Атанамир.

Атанатари „Човечки татковци“; види Атани.

Атани „Вториот Народ“, Луѓето (еднина Атан). Бидејќи во Белерианд долго време единствените Луѓе кои им биле познати на Нолдорите и Синдарите биле оние од Трите Лози на Вило-побратими, ова име (во синдаринската форма Адан, множина Едаини) станало посебен синоним за нив, така што ретко се употребувало за другите Луѓе кои покасно пристигнале во Белерианд или за кои се кажувало дека живеат зад Планините. Но во говорот на Илуватар во „За Почетокот на Дните“, значењето е „Луѓе (општо)“.

Ауле, Вала, еден од Аратарите; ковач и мајстор; маж на Јаванна.

Балан, името на Беор Стариот пред да стапи во служба кај Финрод.

Балар, големиот залив на југ од Белерианд во кој се влевала реката Сирион. Исто и островото во заливот за кое се велело дека било источниот ’рт на Тол Ерессеа којшто се имал откршено; место каде што домувале Кирдан и Гил-галад по Нирнеит Арноидиадот.

Балрог „Демон на Моќ“, синдаринска форма (Валарауко на Квенја) на името на огнените демони кои му служеле на Моргот.

Барагунд, татко на Морвен жената на Хурин; внук на Барахир и еден од неговите дванаесет другари на Дортонион.

Барад Еител „Кула на Врутокот“, Нолдорска тврдина крај Источен Сирион.

Барад Нимрас „Кула на Белиот Рог“, крената од Финрод Фелагунд на ’ртот западно од Егларест.

Барад-дур, „Темната Кула“ на Саурон во Мордор.

Баран, постариот син на Беор Стариот.

Барандуин, „Кафената Река“ во Ериадор која се влевала во морето на југ од Сините Планини; Брендивин во Грофовијата во Господарот на Прстените.

Барахир, таткото на Берен; го спасил Финрод Фелагунд во Дагор Браголлахот и го добил од него неговиот прстен; загинал на Дортонион. За покасната историја на прстенот на Барахир кој подоцна станал наследие на лозата на Исилдур види го Прилогот А во Господарот на Прстените.

Бар-ен-Данвед „Куќа на Откупот“, името кое Џуџето Мим му го дало на своето жилиште на Амон Руд кога истото му го теслимило на Турин.

Бауглир, име за Моргот: „Принудувачот“.

Баш-Кале, превод на Белегост: „голема тврдина“.

Белег, голем стрелец и главатар на караколите на марките на Дориат; наречен Куталион „Силнолак“; пријател и придружник на Турин од кој бил и отепан.

Белегеир „Големото Море“ на Запад, помеѓу Меѓуземјето и Аман. Наречено Белегеир; но многу често нарекувано Големото Море (Морето), како и Западното Море и Големата Вода.

Белегост „Голема Тврдина“, еден од двата градови на Џуџињата во Сините Планини; синдарински превод на името Габилгатол на јазикот на Џуџињата. Види Баш-Кале.

Белегунд, татко на Риан жената на Хуор; внук на Барахир и еден од неговите дванаесет другари на Дортонион.

Белерианд, се велело дека името значи „земјата на Баларите“ и дека прво им било дадено на земјите околу устијата на Сирион кои биле свртени кон Островото Балар. Покасно името било прошинрено да го вкучува и целото древно крајбрежје на Северозападниот дел од Меѓуземјето јужно од Вливот Дренгист и сета внатрешна земја јужно од Хитлум и на исток до подножјето на Сините Планини, поделена од реката Сирион на Источен и Западен Белерианд. Белерианд бил разбиен во превирањата на крајот на Првата Ера и бил поклопен од морето, при што останал само Оссирианд (Линдон).

Белата Планина, види Таникветил.

Белиот Совет, Советот на Мудрите во Третата Ера направен против Саурон.

Белото Дрво, види Телперион, Галатилион, Нимлот (1). Белото Дрво на Минас Итил и Минас Анор.

Белтил „Божествена Сјајност“, кипот на Телперион направен од Тургон во Гондолин.

Белтрондинг, лакот на Белег Куталион кој бил закопан со него.

Белфалас, предел во јужниот брег на Гондор свртен кон големиот залив со истото име.

Беор наречен Стариот, челник на првите Луѓе кои влегле во Белерианд; вазал на Финрод Фелагунд; зачетник на лозата на Беор (наречена и Најстарата Човечка Лоза и Првата Едаинска Лоза); види Балан.

Берег, внук на Баран синот на Беор Стариот (ова не е наведено во текстот); водач на размирниците помеѓу луѓето во Естолад; се вратил преку планините во Ериадор.

Берен, син на Барахир; исекол Силмарил од круната на Моргот за да го даде како чеиз за Лутиен ќерката на Тигол и бил отепан од Кархарот, волкот од Ангбанд, но враќајќи се од мртвите, единствен меѓу Луѓето, живеел со Лутиен на Тол Гален во Оссирианд и се борел со Џуџињата кај Сарн Атрад. Прадедо на Елронд и Елрос и предок на нуменорските Кралеви. Наречен и Камлост, Ерхамион и Една-рака.

Битки во Белерианд: Првата битка. Втората битка (Битка-под-Ѕвездите): види Дагор-нуин-Гилиат. Третата битка (Величествената Битка): види Дагор Аглареб. Четвртата битка (Битката на Ненадеен Пламен): види Дагор Браголлах. Петтата битка (Неброените солзи): види Нирнеит Арноидиад. Големата Битка.

Блаженото Кралство, види Аман.

Бор, поглавар на Источниците; следбеник, заедно со неговите три синови, на Меидрос и Маглор.

Борлад, еден од трите синови на Бор; види Борлах.

Борлах, еден од трите синови на Бор; загинал заедно со браќа му во Нирнеит Арноидиадот.

Боромир, правнук на Беор Стариот, дедо на Барахир таткото на Берен; прв владар на Ладрос.

Борон, татко на Боромир.

Бортанд, еден од трите синови на Бор; види Борлах.

Браголлах, види Дагор Браголлах.

Брандир, наречен Сакатиот; владар на Народот на Халет по смртта на татко му Хандир; вљубен во Ниенор; отепан од Турин.

Бреголас, татко на Барагунд и Белегунд; загинал во Дагор Браголлахот.

Брегор, татко на Барахир и Бреголас.

Бретил, шумата помеѓу реките Теиглин и Сирион; живеалиште на Халадините (Народот на Халет).

Брилтор „Блескав Порој“, четвртата од притоките на Гелион во Оссирианд.

Бритиах, бродот преку Сирион северно од Шумата Бретил.

Бритомбар, северниот од Пристаните на Фалас на брегот на Белерианд.

Бритон, реката која се влевала во Големото Море кај Бритомбар.

Бродда, источник во Хитлум по Нирнеит Арноидиадот кој за жена ја зел Еирин, роднината на Хурин; отепан од Турин.

Бродовите на Арос, види Ароссиах.

Бродот од Камења, види Сарн Атрад.

Ваире „Ткајачката“, една од Валиерите, друшката на Намо Мандос.

Валадил, најмладиот син на Исилдур; трет Крал на Арнор.

Валаквента „Запис за Валарите“, кратко самостојно дело, одделено од главниот Силмарилион.

Валакирка „Српот на Валарите“, име за соѕвездието Голема Мечка.

Валараукари „Демони на Моќ“ (еднина Валарауко), квенјаска форма еднаква на синдаринското „Балрог“.

Валари „Тие што имат Сила“, „Силите“, (еднина Вала); име кое им било дадено на оние моќни Аинури кои влегле во Еа на почетокот на Времето и кои ја презеле улогата на чувари и управители на Арда. Наречени и Големите, Владетели на Арда, Владари на Западот, Владари на Валинор.

Валарома, рогот на Валата Ороме.

Валиери „Кралици на Валарите“ (еднина Валие); термин употребен само во Валаквентата.

Валимар, види Валмар.

Валинор, земјата на Валарите во Аман, зад Пелорските планини; наречена и Варденото Царство.

Валмар, градот на Валарите во Валинор; името се среќава и во формата „Валимар“. Во тажачката на Галадирел во Лориен (Господарот на Прстените) Валимар е дадено како пандан на Валинор.

Вамошни Земји, Меѓуземјето (наречени и Надворешните Земји)

Вана, една од Валиерите, сестра на Јавана и друшка на Ороме; наречена Вечно-младата.

Ванјари, првата свита Елдари кои тргнале на западното патување од Куивиенен, предводени од Ингве. Името (еднина Ванја) значи „Личните“ и се однесувало на златната коса на Ванјарите; види Финарфин.

Варда „Возвишената“, „Вишната“; наречена и Дамата на Ѕвездите. Најголемата од сите Валиери, друшката на Манве, која живеела заедно со него на Таникветил. Други имиња на Варда како творителка на ѕвездите биле Елберет, Елентари, Тинталле.

Вардената Рамнина, види Талат Дирнен.

Варденото Царство, види Валинор.

Васа „Пеплосувачот“, име за Сонцето меѓу Нолдорите.

Вековечните Земји, Аман и Ерессеа; наречени и Вечноживите Земји.

Верните, види Елендили.

Вечноживите Земји, види Вековечните Земји.

Вилварин, име на совездие. Името значи „пеперутка“ на Квенја, а соѕвездието можеби било Касиопеја.

Вили, види Чедата на Илуватар, Елдари, Темни Вили. Вили на Светлината: види Калаквенди.

Вилиндом, види Елдамар.

Вилја, еден од Трите Прстени на Вилите, Прстенот на Воздух, носен од Гил-галад, а потоа од Елронд, наречен и Прстенот од Сафир.

Вило-побратими, Луѓето од Трите Лози на Беор, Халет и Хадор, Едаините. Во Акаллабетот и во „За Прстените на Моќта“ името било користено за оние Нунеморци кои не се отуѓиле од Елдарите; види Елендили.

Вингилот (Вингилоте во полната квенјаска форма), „Пено-цвет“, името на бродот на Еарендил; види Ротинзил.

Винјамар, куќата на Тургон во Невраст под планината Тарас. Значењето најверојатно е „Ново Жилиште“.

Вирови на Самрак, види Еилин-уиал.

Високиот Фарот, види Таур-ен-Фарот.

Владар на Водите, види Улмо.

Владари на Западот, види Валари.

Волшебници, види Истари.

Воронве „Тврдокорниот“, Вила од Гондолин; единствениот морепловец од седумте бродови испратени на запад по Ниреит Арноидиадот што преживеал; го сретнал Туор кај Винјамар и го одвел до Гондолин.

Врховни Вили, види Елдари.

Второродени, Помладите Чеда на Илуватар, Луѓето.

Габилгатол, види Белегост.

галаворн, металот изнедрен од Еол.

Галадриел, ќерка на Финарфин и сестра на Финрод Фелагунд; една од водачите на нолдоринскиот бунт против Валарите; се венчала со Келеборн од Дориат и останала со него во Меѓуземјето по крајот на Првата Ера; чувар на Ненја, Прстенот на Водата, во Лотлориен.

Галатилион „Белото Дрво на Тирион“, дрвото налик на Телперион направено од Јаванна за Ванјарите и Нолдорите.

Гандалф, име меѓу Луѓето за Митрандир, еден од Истарите (Волшебниците); види Олорин.

Гваит-и-Мирдаин „Народот на Џеваирџиите“, име за еснафот занаечтии во Ерегион од кои најпрославен бил Келебримбор, синот на Куруфин.

Гвиндор, Вила од Нарготронд; брат на Гелмир; поробен во Ангбанд, но избегал и му помогнал на Белег во спасувањето на Турин; го довел Турин во Нарготронд; ја сакал Финдуилас ќерката на Ородрет; загинал во Битката на Тумхалад.

Гелион, големата река во Источен Белерианд која извирала во Химринг и планината Рерир и во која се влевале реките на Оссирианд спуштајќи се од Сините Планини.

Гелмир (1), Вила од Нарготронд; брат на Гвиндор; заробен во Дагор Браголлахот и потоа погубен пред Еитиел Сирион за да се подбуцнат неговите бранители пред почетокот на Нирнеит Арноидиадот.

Гелмир (2) Вила од народот на Ангрод кој со Арминас дошол во Нарготронд за да го предупреди Ородрет за опасноста.

Гил-галад „Ѕвезда на Сјајноста“, името по кое бил познат Ереинион, синот на Фингон. По смртта на Тургон станал последниот Врховен Крал на Нолдорите во Меѓуземјето и останал во Линдон по крајот на Првата Ера; бил челник заедно со Елендил на Последното Сојузништво на Луѓе и Вили и загинал заедно со него во борба против Саурон.

Гилдор, еден од дванаестте придружници на Барахир на Дортонион.

Гил-Естел „Ѕвезда на Надежта“, синдаринско име за Еарендил кога го водел Силмарилот во неговиот брод Вингилот.

Гимилзор, види Ар-Гимилзор.

Гимилкад, помлад син на Ар-Гимилзор и Инзилбет и татко на Ар-Фаразон, последниот Крал на Нуменор.

Гинглит, река во Западен Белерианд која се влевала во Нарог над Нарготронд.

Гладор, наречен Високиот; син на Хадор Лориндол и по него владар на Дор-ломин; татко на Хурин и Хуор; загинал кај Еител Сирион.

Глаурунг, првата од Ламјите на Моргот, наречен Таткото на Ламјите; учествувал во Дагор Браголахот, Нирнеит Арноидиадот и Обирот на Нарготронд; им фрлил маѓија на Турон и Ниенор; отепан од Турон кај Кабед-ен-Арас. Наречен и Големиот Аждер и Аждерот на Моргот.

Гледачки Камења, види Палантири.

Глингал „Надвиснат Пламен“, кипот на Лаурелин направен од Тургон во Гондолин.

Глирхуин, певец од Бретил.

Глорендел, ќерка на Хадор Лориндол од Дор-ломин и сестра на Галдор; се венчала со Халдир од Бретил.

Глорфиндел, Вила од Гондолин кој паднал и загинал во Кирит Торонат во борба против Балрог по бегството од обирот на градот. Името значи „Златнокосиот“.

Година на Плачот, годината на Нирнеит Арноидиадот.

Голем Гелион, една од двете гранки-притоки на реката Гелион на север што извирала во планината Рерир.

Големата Зеленогора, големата шума источно од Магливите Планини, подоцна прекрстена во Мркогора.

Големата Река, види Андуин.

Големите Земји, Меѓуземјето.

Голодрими, Нолдори. Голод била синдаринската форма на квенјаското Нолдо, а -рим наставка за збирна множина; сп. со Аннон-ин-Гелјид, Портата на Нолдорите.

Гондолин „Скриената Карпа“ (види Ондолинде), тајниот град на Крал Тингол опколен од Опкружните Планини (Ехориатите).

Гондолиндрими, народот на Гондолин.

Гондор „Камена Земја“, име на јужното нуменорско кралство во Меѓуземјето основано од Исилдур и Анарион. Престолнината на Гондор: Минас Тирит.

Гоннхиррими „Господари на Каменот“, синдаринско име за Џуџињата.

Горгорот (1), види Еред Горгорот.

Горгорот (2), висорамина во Мордор, на местото каде што се здружувале Планините на Сенка и Планините на Пепел.

Горлим, наречен Несреќниот; еден од дванаесетте другари на Барахир во Дортонион кој бил заптисан од авет во ликот на неговата жена Еилинел и кој му го открил на Саурон скривалиштето на Барахир.

Горски Вили, види Ормански Вили.

Гортаур, името на Саурон на Синдарин.

Гортол „Страшношлем“, името кое Турин си го ставил како еден од Двајцата Војводи во земјата Дор-Куартол.

Готмог, Владар на Балрозите, прв војвода на Ангбанд, крвник на Феанор, Финфон и Ектелион. (Истото име во Третата Ера го носел и мулазимот на Минас Моргул).

Гронд, големиот топуз на Моргот со кој се борел против Финголфин; наречен Чеканот на Подземјето. Овенот за рушење употребен против портата на Минас Тирит бил крстен по него (Враќањето на Кралот).

Гуилин, татко на Гелмир и Гвиндор, Вили од Нарготоронд.

Гундор, помлад син на Хадор Лориндол владарот на Дор-ломин; загинал со татко му кај Еител Сирион во Дагот Браголлахот.

Гуртанг „Железо на Смртта“, име на мечот Англахел на Белег откако бил прекован за Турин во Нарготронд и поради кој го завикале Мормегил.

Дагнир Глаурунга „Погубникот на Глаурунг“, Турин.

Дагнир, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортанион.

Дагор Аглареб „Величествената Битка“, третата од големите битки во Војните во Белерианд.

Дагор Браголлах „Битката на Ненадеен Пламен“ (наречена и само Браголлах), четвртата од големите битки во Војните во Белерианд.

Дагорлад „Бојна Рамнина“, место на големата битка, северно од Мордор, помеѓу Саурон и Последното Сојузништво на Вилите и Луѓето на крајот на Втората Ера.

Дагор-нуин-Гилиат „Битка-под-Ѕвездите“, втората битка во Војните во Белерианд; водена во Митрин по доаѓањето на Феанор во Меѓуземјето.

Даируин, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Дамни Дни, Првата Ера; наречени и Најстарите Дни.

Првиот Крал, Манве.

Двете Роди, Вилите и Луѓето.

Дворовите на Исчекување, Дворовите на Мандос.

Деирон, певец и главен учен на Крал Тингол; ги направил Киритите (Руните); бил заљубен во Лутиен и на два пати ја предал.

Делдуват, едно од подоцнежните имиња на Дортонион (Таур-ну-Фуин) што значи „Ужас под Ноќната Сенка“.

Денетор, син на Ленве; водач на Нандоринските Вили кои најпосле преминале преку Сините Планини и се вдомиле во Оссирианд; загинал на Амон Ереб во Првата Битка во Белерианд.

Дивиот од Коријата, име кое Турин си го ставил кога за прв пат дошол меѓу Луѓето во Бретил.

Димбар, земјата помеѓу реките Сирион и Миндеб.

Димрост, водопадите на Келеброс во Шумата Бретил; во текстот преведени како „Дождливото Скалило“. Подоцна наречени Нен Гирит.

Диор, наречен Аранел, како и Елухил „Тинголовиот Наследник“; син на Берен и Лутиен и татко на Елвинг, мајката на Елронд; дошол во Дориат од Оссирианд по смртта на Тигол и ги добил Силмарилите по смртта на Берен и Лутиен; отепан во Менегрот од синовите на Феанор.

Дол Гулдур „Ридот на Маѓепсништво“, калето на Некромантот (Саурон) во јужна Мркогора во Третата Ера.

Долмед „Водена Глава“, голема планина, дел од Еред Луин, близу Џуџевите градови Ногрост и Белегост.

Дор Деиделот „Земја на Сенката на Ужасот“, земјата на Моргот на север.

Дор Динен „Тивката Земја“ каде што ништо не живеело или раснело, помеѓу горните теченија на Есгалдуин и Арос.

Дор Карантир „Земја на Карантир“; види Таргелион.

Дор Фирн-и-Гуинар „Земја на Мртвите што Живеат“, име за оној предел во Оссирианд каде што домувале Берен и Лутиен по нивното враќање.

Дориат „Земја на Авлијата“ (Дор Иат), однесувајќи се на Појасот на Мелиан; претходно наречена Егладор; кралството на Тингол и Мелиан во шумите Нелдорет и Регион со престолнина во Менегрот на реката Есгалдуин. Наречено и Скриеното Кралство.

Дор-Куартол „Земја на Лакот и Шлемот“, име на земјата чувана од Белег и Турин од нивното упориште на Амон Руд.

Дорлас, Човек од Халадините во Бретил; заминал со Турин и Хунтор во нападот на Глаурунг, но се повлекол од страв; отепан од Брандир Сакатиот. Жената на Дорлас не е именувана.

Дор-ломин, предел во јужниот дел на Хитлум, територијата на Фингон, даден како феуд на лозата на Хадор; домот на Хурин и Морвен. Дамата од Дор-ломин: Морвен.

Дор-ну-Фауглит „Земјата под Задушлива Пепел“; види Анфауглит.

Дортонион „Земја на Борови“, големиот пошумен балкан на северните граници на Белерианд, подоцна наречен Таур-ну-Фуин. Сп. со песната на Дрвобрад во Двете Кули: „До боровите врз балканите на Дортонион се искачував во Зима..:“

Драуглуин, големиот врколак отепан од Хуан на Тол-ин-Гаурот, во чија форма Берен влегол во Ангбанд.

Дренгист, долгиот влив кој продирал во Еред Ломин, западната авлија на Хитлум.

Дуилвен, петтата од притоките на Гелион во Оссирианд.

Дунгортеб, види Нан Дунгортеб.

Дунедаини „Едаини од Западот“; види Нуменорци.

Дурин, Владар на Џуџињата во Казад-дум.

Ѓерданот на Џуџињата, види Наугламир.

Еа, Светот, материјалниот универзум; Еа, што на вилински значи „Е“ или „нека биде“, бил зборот на Илуватар кога Светот започнал да постои.

Еарвен, ќерка на Олве од Алквалонде, братот на Тингол; се венчала со Финарфин од Нолдорите. Од Еарвен Финрод, Ородрет, Ангрод, Аигнор и Галадриел наследиле телеринска крв и поради тоа им било дозволено да влезат во Дориат.

Еарендил, наречен „Полувилен“, „Блажениот“, „Светлиот“ и „Морепловецот“; син на Туор и Идрил ќерката на Тургон; избегал од обирот на Гондолин и се венчал со Елвинг ќерката на Диор кај Устијата на Сирион; отпловил заедно со неа до Аман и молел за помош против Моргот; испратен да плови по небото во неговиот брод Винголот носејќи го Силмарилот кој Берен и Лутиен го изенеле од Ангбанд. Името значи „Миленик на Морето“.

Еарендур (1), владар на Андуние во Нуменор.

Еарендур (2), десетти Крал на Арнор.

Еарнил, триесет и втори Крал на Гондор.

Еарнур, син на Еарнил; последен Крал на Гондор со кој прекинало коленото на Анарион.

Еарраме „Морско Крило“, името на бродот на Туор.

Егладор, поранешното име на Дориат, пред да е опкружен од Појасот на Мелиан; најверојатно поврзано со името Еглати.

Егларест, јужниот од Пристаните на Фалас на брегот на Белерианд.

Еглати „Арнисаниот Народ“, име кое си го ставиле Телеринските Вили кои останале во Белерианд барајќи го Елве (Тингол) откако главната свита на Телерите заминала за Аман.

Едаини, види Атани.

Едрахил, главатар на Вилите од Нарготронд кој ги придружувал Финдор и Берен на нивната задача и кој умрел во занданите во Тол-ин-Гаурот.

Езеллохар, Зеленото Брдо на Двете Дрва на Валинор; наречено и Короллаире.

Еиглос „Снеговрв“, копјето на Гил-галад.

Еилинел, жената на Горлим Несреќниот.

Еилин-уиал „Вировите на Самракот“, каде што Арос се влевал во Сирион.

Еирандир „Морски талкач“, еден од тројцата морепловци кои го придружувале Еарендил на неговите пловидби.

Еирин, роднина на Хурин во Дор-ломин; Бродда Источникот ја зел за жена; ѝ помогнала на Морвен по Нирнеит Арноидиадод.

Еител Иврил „Врутокот на Иврин“ изворот на реката Нарог под Еред Ветрин.

Еител Сирион „Врутокот на Сирион“ на источното лице на Еред Ветрин каде што била големата тврдина на Финголфин и Фингон (види Барад Еител)

Еккаиа, вилинско име за Надворешното Море кое ја опкружувало Арда; наречено и Надворешниот Океан и Опкружното Море.

Ектелион, големец меѓу Вилите на Гондолин, кој во обирот на градот го отепал и бил отепан од Готмод Владарот на Балрозите.

Елберет, вообичаеното име за Варда на Синдарин, „Ѕвездена Кралица“; сп. со Елентари.

Елве, на кој Синголло „Сивоплашт“ му било прекар; водач, заедно со брат му Олве, на телерските свити на западното патување од Куивиенен, сѐ додека не се изгубил во Нан Елмот; подоцна станал Владар на Синдарите и владеел во Дориат заедно со Мелиан; добил Силмарил од Берен; отепан во Менегрот од Џуџињата. Наречен (Елу) Тингол на Синдарин. Види Темни Вили, Тингол.

Елвинг, ќерката на Диор, која пребегнувајќи од Дориат со Силмарилот се венчала со Еарендил крај Устијата на Сирион и заминала со него во Валинор; мајка на Елронд и Елрос. Името значи „Ѕвезден плисок“; види Лантир Ламат.

Елдалии „вилинскиот народ“, употребувано како пандан на Елдари.

Елдамар „Вилиндом“, пределот во Аман каде што домувале Вилите; како и големиот Залив.

Елдари, според вилинските легенди името Елдари „Народот на Ѕвездите“ им било дадено на сите Вили од Валата Ороме. Но подоцна било користено само за Вилите од Трите роди (Ванјари, Нолдори и Телери) кои тргнале на големиот западен поход од Куивиенен (без разлика дали останале во Меѓуземјето или не), не вклучувајќи ги Аварите. Вилите од Аман и сите Вили кои некогаш домувале во Аман биле наречени Врховни Вили (Тарелдари) и Вили на Светлината (Калаквенди); види Темни Вили, Уманјари. Види го записот Вили.

елдарински, елдарски; име употребено кога се зборува за јазиците на Елдарите. Во случаите кога се среќава овој термин, всушност се мисли на јазикот Квенја кој е наречен и Врховен елдарински и Врховен вилински; види Квенја.

Еледвен, види Морвен.

Елеммире (1), име на ѕвезда.

Елеммире (2), ванјаринска Вила, творец на Алдудението, Тажачката за двете дрва.

Еленве, жена на Тургон; витосала во преминувањето на Хелкараксе.

Еленди, име за Елдамар.

Елендил, наречен Високиот; син на Амандил, последен владар на Андуние во Нуменор, потомок на Еарендил и Елвинг, но не од правото кралско колено; избегал со синовите Исилдур и Анарион од Потопувањето на Нуменор и ги основал нуменорските царства во Меѓуземјето; загинал заедно со Гил-галад во соборувањето на Саурон на крајот на Третата Ера. Името може да се протолкува или како „Вило-побратим“ (сп. со Елендили) или како „Ѕвездо-миленик“.

Елендили „Вило-побратими“, име кои им било дадено на оние Нуменорци кои не се отуѓиле од Елдарите во деновите на Тар-Анкалимон и подоцнежните кралеви; наречени и Верните.

Елендур, најстар син на Исилдур, загинал заедно со него на Калуѓеркино Поле.

Еленна, (квенјаско) име за Нуменор, „Ѕвездоследна“, поради тоа што Едаините се воделе по Еарендил на нивната пловидба до Нуменор на почетокот на Втората Ера.

Елентари „Ѕвездена Кралица“, име за Варда како створителка на Ѕвездите. Вака е наречена во тажачката на Галадриел во Лориен во Дружината на Прстенот. Сп. со Елберет, Тинталле.

Елеррина „Крунисана со Ѕвезди“, име за Таникветил.

Елостирион, највисока од кулите врз Емин Бераид, каде што и бил поставен палантирот.

Елронд, син на Еарендил и Елвинг, кој на крајот на Првата Ера избрал да се вброи во Првородените и останал во Меѓуземјето до крајот на Третата Ера; господар на Имладрис (Режендол) и чувар на Вилја, Прстенот на Воздухот, кој го добил од Гил-галад. Наречен Чорбаџи Елронд или Елронд Полу-вилен. Името значи „Ѕвездена Купола“.

Елрос, син на Еарендил и Елвинг, кој на крајот на Првата Ера избрал да се слага меѓу Луѓето и станал првиот Крал на Нуменор (нарачен Тар-Минјатур), доживувајќи многу длабока старост. Името значи „Ѕвездена Пена“.

Елу, синдаринска форма на Елве.

Елуред, постар син на Диор; витосал во нападот на Дориат од синовите на Феанор. Името значи исто што и Елухил.

Елурин, помлад син на Диор; витосал со брат му Елуред. Името значи „Спомен на Елу (Тингол)“.

Елухил „Наследник на Елу (Тингол)“, име за Диор, синот на Берен и Лутиен. Види Диор.

Емелдир, наречена Машкосрцевата; жена на Барахир и мајка на Берен; ги повела жените и децата од лозата на Беор од Дортонион по Дагор Браголлахот. (Таа самата била потомок на Беор Стариот и името на татко ѝ било Берен; ова не е наведено во текстот.)

Емин Бераид, ридовите на Кулите во западниот дел на Ериадор; види Елостирион.

Енгвар, „Болежливите“, едно од вилинските имиња за Луѓето.

Ендор, „Средишна Земја“, Меѓуземјето.

Еол, наречен Темната Вила; големиот ковач кој домувал во Нан Елмот и ја зел за жена Аредел сестрата на Тургон; пријател на Џуџињата; ковач на мечот Англахел (Гуртанг); татко на Меиглин; погубен во Гондолин.

Еонве, еден од најмоќните Маиари; наречен Телалот на Манве; водач на свитата на Валарите во нападот против Моргот на крајот на Првата Ера.

Епопеја за Леитиан, долгата поема за животите на Берен и Лутиен од којашто произлегува прозниот запис во Силмарилионот. Леитиан е преведено како „Ослободување од робија“.

Ерегион „Земја на Бодликата“ (меѓу луѓето наречена Холлин); нолдоринско царство во Втората Ера во западните подножја на Магливите Планини, каде што биле направени вилинските Прстени.

Еред Ветрин „Планини на Сенка“, „Сеништни Планини“, големиот свиен синџир на западната граница на Дор-ну-Фауглит (Ард-гален) кој ја сочинувал заградата помеѓу Хитлум и Западен Белерианд.

Еред Горгорот „Планини на Ужасот“, северно од Нан Дунгортеб, наречени и Горгорот.

Еред Енгрин „Железните Планини“ во далечниот север.

Еред Линдон „Планините на Линдон“, друго име за Еред Луин, Сините Планини.

Еред Ломин „Ѕвонливите Планини“ кои ја сочинувале западната авлија на Хитлум.

Еред Луин „Сините Планини“, наречени и Еред Линдон. По уништувањето во крајот на Првата Ера Еред Луин го сочинувале северозападното планинско крајбрежје на Меѓуземјето.

Еред Нимраис, Белите Планини (нимраис „бели рогови“’, големиот синџир од исток до запад јужно од Магливите Планини.

Ереинион „Кралскиот Ластар“, синот на Фингон, секогаш познат по неговиот прекар Гил-галад.

Ереллонт, еден од тројцата морепловци кои го придружувале Еарендил на неговите пловидби.

Ерессеа, види Тол Ерессеа.

Ерех, рид во западниот дел на Гондор, каде што бил Каменот на Исилдур.

Ериадор, земјата помеѓу Магливите и Сините Планини, каде што се протегало Кралството Арнор (како и Грофовијата на Хобитите).

Еру „Тој“, „Оној кој е Сам“: Илуватар.

Ерхамион „Едно-рак“, името на Берен по неговото бегство од Ангбанд.

Есгалдуин, реката во Дориат која ги делела шумите Нелдорет и Регион и се влевала во Сирион. Името значи „Река под Превез’.

Есте, една од Валиерите, друшка на Ирмо (Лориен); името ѝ значи „Одмор“.

Естолад, земјата јужно од Нан Елмот каде што домувале Луѓето кои биле следбеници на Беор и Марах, откако ги преминале Сините Планини и влегле во Белерианд; во текстот преведено како „Бивакот“.

Ефел Брандир „Опкружната авлија на Брандир“, жилиште на Луѓето од Бретил врз Амон Обел; наречено и Ефел.

Ефел Дуат „Авлијата на Сенка“, планинскиот синџир помеѓу Гондор и Мордор; наречен и Планините на Сенка.

Ехориати „Опкружните Планини“ околу рамнината на Гондолин.

Железните Планини, види Еред Енгрин.

Западна Краина, види Анадуине, Нуменор.

Зелени Вили, превод на Лаиквенди; Нандоринските Вили од Оссирианд.

Земја на Ѕвездата, Нуменор.

Земја на Мртвите што Живеат, види Дор Фирн-и-Гуинар.

Земја на Сенката, види Мордор.

Змејскиот Шлем на Дор-ломин, наследие на лозата на Хадор; носен од Турин; наречен и Шлемот на Хадор.

Ѕвонливи Планини, види Еред Ломин.

Иант Иаур „Стариот Мост“ преку Есгалдуин на северните граници на Дориат; наречен и Мостот на Есгалдуин.

Ибун, еден од синовите на Мим, Ситното Џуџе.

Иврин, езерото и водопадот под Еред Ветрин каде што извирала реката Нарог. Види Еител Иврин.

Идрил, наречена Келебриндал „Сребренопета“; ќерката (единица) на Тургон и Еленве; жена на Туор; мајка на Еарендил со кој пребегнала од Гондолин до Устијата на Сирион, од каде што заминала со Туор кон Запад.

Илјадната Пештера, види Менегрот.

Иллуин, еден од Фенерите на Валарите направени од Ауле. Иллуин стоел во северниот дел на Меѓуземјето и кога планината била соборена од Мелкор, таму се формирало внатрешното море Хелкар.

Илмаре, Маиа, служанката на Варда.

Илмен, пределот над воздухот каде што се ѕвездите.

Илуватар „Татко на Сѐ“, Еру.

Имладрис „Режендол“ (буквално, „Длабок Дол во Процепот“), жилиштето на Елронд во долините на Магливите Планини.

Имлах, татко на Амлах.

Ингве, водач на Ванјарите, првата од трите елдарски свити на западното патување од Куивиенен. Во Аман живеел на Таникветил и бил сметан за Врховен Крал на сите Вили.

Индис, ванјаринска Вила, блиска роднина на Ингве; втора жена на Финве; мајка на Финголфин и Финарфин.

Инзиладун, постар син на Ар-Гимилзор и Инзилбет; подоцна наречен Тар-Палатир.

Инзилбет, кралица на Ар-Гимилзор, од лозата на владарите на Андуние.

Ирмо, Валата кој обично го викале Лориен, по местото каде што домувал. Ирмо значи „Пожелувач“ или „Господар на Желбата“.

Исил, квенјаско име за Месечината.

Исилдур, постариот син на Елендил кој со татко му и брат му Анарион избегал од Потопувањето на Нуменор и во сургун ги основал нуменорските кралства во Меѓуземјето; владар на Минас Итил; го отсекол Повелачкиот Прстен од раката на Саурон; отепан од Орки во Андуин кога Прстенот му се лизнал од прстот.

Истари, Волшебниците. Види Курунир, Саруман; Митрандир, Гандалф, Олорин; Радагаст.

Источници, наречени и Мургави Луѓе; влегле во Белерианд од Исток во времето по Дагор Браголлахот и се бореле и на двете завојувани страни во Нирнеит Арноидиадот; Моргот им го дал Хитлум за домовина, каде што го угнетиле остатокот од Народот на Хадор.

Јаванна „Дарителката на плодови“; една од Валиерите која се вбројувала меѓу Аратарите; друшка на Ауле; наречена и Кементари.

Јазикот на Сивите Вили, види Синдарин.

Кабед Неирамарт „Скокот на Страшната Судба“, име кои му било дадено на Кабед-ен-Арас откако Ниенор се фрлила од неговиот гребен.

Кабед-ен-Арас, длабок кланец на реката Теиглин каде што Турин го отепал Глаурунг и каде Ниенор се фрлила и се отепала; види Кабед Неирамарт.

Казад-дум, големите палати на Џуџињата од сојот на Дурин во Магливите Планини (Хадодронд, Мориа). Види Казади; дум е најверојано множина или збирна именка што значи „ископини, дворци, палати.“

Казади, името на Џуџињата на нивниот сопствен јазик (Куздул).

Калаквенди „Вили на Светлината“, оние Вили кои живееле или имале живеено во Аман (Врховните Вили). Види Мориквенди и Темни Вили.

Калакирја „Процеп на Светлината“, преминот направен во Пелорските планини каде што бил кренат зелениот рид Туна.

Каленардон „Зелениот Чифлиг“, името на Рохан во времето кога го сочинувал северниот дел на Гондор; сп. со Ард-гален.

Калуѓерино Поле, делумен превод на Лоиг Нинглорон; големите пространства на трски и водни перуники (калуѓерки) во и околу Андуин, каде Исилдур загинал и Баш-Прстенот бил изгубен.

Каменот на Страдалниците, спомен-камен на Турин и Ниенор крај Кабед Неирамарт на реката Теиглин.

Камлост „Празноракиот“, име кое Берен си го ставил по враќањето кај Крал Тингол без Силмарилот.

Карантир, четвртиот син на Феанор, наречен Црниот; „најгрубиот од браќата и најнепромислениот“; владеел во Таргелион; загинал во нападот на Дориат.

Карагдур, врлината на северната страна на Амон Гварет (ридот на Гондолин) од каде што Еол бил фрлен и отепан.

Кардолан, предел во јужниот дел на Ериадор; дел од Кралството Арнор.

Карнил, име на (црвена) ѕвезда.

Кархарот, големиот волк од Ангбанд кој му ја одгризал раката на Берен во која тој го држел Силмарилот; отепан од Хуан во Дориат. Името во текстот е преведено како „Црвената Челуст“. Наречен и Анфауглир.

Квенди; првичното вилинско име за Вилите (од секој сој, вклучувајќи ги и Аварите), што значело „Оние кои зборуваат со гласови“.

Квенја, древниот јазик, заеднички за сите Вили, во формата која ја имал во Валинор; донесен во Меѓуземјето од нолдоринсите сургунџии, но напуштен од нив во секојдневниот говор, особено по декретот на Крал Тингол против неговото користење. Не е именуван како таков во книгата, туку е споменат како елдарински; Врховен елдарински; Врховен вилински; јазикот на Валинор; говорот на Вилите во Валинор; јазикот на Нолдорите; Врховниот Говор на Западот.

Квента Силмарилион „Приказна за Силмарилите“.

келвари, вилински збор задржан во говорот на Јавана и Манве во второто поглавје: „животни, живи нешта кои се движат“.

Келеборн (1) „Дрво од Сребро“, името на Дрвото во Тол Ерессеа, ластарот на Галатилион.

Келеборн (2), Вила од Дориат, роднина на Тингол; се венчал со Галадриел и со неа останал во Меѓуземјето по крајот на Првата Ера.

Келебрант „Сребрен Мадем“, река која течела од Стакленвир низ Лотлориен и се спојувала со Андуин.

Келебримбор „Рака од Сребро“, син на Куруфин, кој останал во Нарготронд кога татко му бил избркан. Најголем од сите ковачи во Ерегион во Втората Ера; творец на Трите Прстени на Вилите; отепан од Саурон.

Келебриндал „Сребренопета“; види Идрил.

Келеброс „Сребрена Пена“ или „Сребрен Дожд“, поток во Бретил кој се спуштал до Теиглин близу Раскрсницата.

Келегорм, третиот син на Феанор, наречен Личниот; сѐ до Дагор Браголлахот владеел со пределот Химлад заедно со брат му Куруфин; домувал во Нарготронд и ја заробил Лутиел; стопан на Хуан загарот волчјак; отепан од Диор во Менегорт.

Келон, река која течела кој југозапад од Ридот Химринг; притока на Арос. Името значи „поток кој се спушта од височина“.

Кеметари „Кралица на Земјата“, титула на Јаванна.

Ким, син на Мим, Ситното Џуџе, отепан од еден од тајфата одметници на Турин.

Кирдан „Бродоградецот“; Телеринска Вила, владар на Фалас (крајбрежјето на Западен Белерианд); при уништувањето на Пристаните по Нирнеит Арноидиадот избегал со Гил-галад до Островото Балар; за време на Втората и Третата Ера чувар на Сивите Пристани во Заливот на Лун; при доаѓањето на Митрандир му го доверил Нарја, Прстенот на Огнот.

Кирит Нинниах „Виножитниот Процеп“, низ којшто Туор стигнал до Западното море, види Аннон-ин-Гелјид.

Кирит Торонат „Орлов Процеп“, висок премин во планините северно од Гондолин каде Глорфиндел се борел со Балрог и паднал во бездната.

Кирити, Руните, скроени за првпат од Деирон од Дориат.

Кирјон, третиот син на Исилдур, загинал заедно со него на Калуѓеркино Поле.

Короллаире „Зеленото Брдо“ на Двете Дрва на Валинор; наречено и Езеллохар.

Кралски Луѓе, Нуменорци непријатели на Елдарите и Елендилите.

Криссеигрим, планинските врвови јужно од Гондолин каде што биле гнездата на Торондор.

Куивиенен „Вода на Будењето“, езерото во Меѓуземјето каде што Вилите за прв пат се разбудиле и каде што ги нашол Ороме.

Кулуриен, име за Лаурелин.

Курунир „Творецот на лукави кроежи“. Вилинско име за Саруман, еден од Истарите (Волшебниците).

Куруфин, петтиот син на Феанор, наречен Итриот; татко на Келебримбор. За потеклото на неговото име види Феанор; а за неговиот историјат види Келегорм.

Куруфинве, види Феанор.

Куталион „Силнолак“; види Белег.

Ладрос, земјите на североисток од Дортонион кои нолдоринските Кралеви им ги дале на Луѓето од лозата на Беор.

Лаиквенди, „Зелените Вили“ од Оссирианд.

Лалаит „Смеа“, ќерката на Хурин и Морвен која умрела како дете.

Ламмот „Големиот Одек“, предел северно од Вливот Дренгист, крстен по одекот на викотот на Моргот во неговата борба со Унголиант.

Лантир Ламат „Водопадот на Гласови кои Одекнуваат“ каде што му била куќата на Диор во Оссирианд и по којшто била крстена ќерка му Елвинг („Ѕвезден плисок“).

Лаурелин „Песна од Злато“, помладото од Двете Дрва на Валинор.

Лебедниот пристан, види Алквалонде.

Леголин, третата од притоките на Гелион во Оссирианд.

Леир ку Белег „Песната за Големиот Лак“ истворена од Турин кај Еител Иврин во спомен на Белег Куталион.

лембас, синдаринско име за друмскиот леб на Елдарите (од стариот збор леннмбас „патнички леб“; коимас „животодавен леб“ на Квенја).

Ленве, водачот на Вилите од телерската свита кои одбиле да ги преминат Магливите Планини на западното патување од Куивиенен (Нандорите); татко на Денетор.

Линдон, име за Оссирианд во Првата Ера. По превирањата на крајот на Првата Ера името Линдон било задржано за земјите западно од Сините Планини кои и понатаму останале над Морето.

Линдорие, мајка на Инзилбет.

Линеивен „Езеро на птици“, големиот вир во Невраст.

Лишени, лозата на Феанор.

Лоиг Нинглорон „Басени на Златните Водни Цвеќиња“, види Калуѓеркино Поле.

ломелинди, квенјаски збор што значи „самрачни пејачи“, славејчиња.

Ломион „Син на Самракот“, квенјаско име кое Аредел му го дала на Меиглин.

Лорган, поглавар на Источниците во Хитлум по Нирнеит Арноидиадот кој го поробил Туор.

Лореллин, езерото во Лориен во Валинор каде што Валата Есте спиела преку ден.

Лориен (1), името на градините и жилиштето на Валата Ирмо, кој најчесто и самиот го викале Лориен.

Лориен (2), земјата со која владееле Келеборн и Галадриел помеѓу реките Келебрант и Андуин. Најверојатно првичното име на оваа земја било сменето во квенјаското име Лориен по градините на Валата во Валинор. Во Лотлориен синдаринскиот збор лот „цвеќе“ стои како префикс.

Лориндол „Златокос“; види Хадор.

Лосгар, местото на опожарувањето на бродовите на Телерите од страна на Феанор кај устието на Вливот Дренгист.

Лотлан „Широка и празна“, големата рамнина северно од Марката на Меидрос.

Лотлориен „Цветот на Лориен“; види Лориен (2).

Луѓе, види Атани, Чедата на Илуватар, Источници.

Луинил, име на ѕвезда (која сјаела со сина светлина).

Лумбар, име на ѕвезда.

Лун, река во Ериадор кој се влевала во морето во Заливот на Лун.

Лутиен, ќерката на Крал Тингол и Маиата Мелиан, која по исполнувањето на Задачата за Силмарилите и смртта на Берен избрала да стане смртна и да ја сподели неговата судбина. Види Тинувиел.

Маблунг, Вила од Дориат, прв војвода на Тингол; пријател на Турин; наречен „Тешкарака“ (што е и значењето на името Маблунг); отепан во Менегорот од Џуџињата.

Магливи Планини, види Хитеиглири.

Маглор, вториот син на Феанор; голем пејач и поет; ги држел земјите наречени Маглоровиот Јаз; на крајот на Првата Ера заедно со Меидрос ги приграбил двата Силмарили кои останале во Меѓуземјето и го фрлил тој што го зел во Морето.

Маглоровиот Јаз, пределот помеѓу западните краци на Гелион каде што немало ридови за одбрана од Север.

Магор, син на Малах Арадан; водач на Луѓето кои биле следбеници на Марах и кои влегле во Западен Белерианд.

Маѓепсани Островија, островите поставени од Валарите во Големото Море источно од Тол Ерессеа во времето на Сокривањето на Валинор.

Маиари, Аинури од понизок ред од Валарите (еднина Маиа).

Мал Гелион, една од двете гранки-притоки на реката Гелион на север, која извирала од Ридот Химринг.

Малах, син на Марах; му било дадено вилинското име Арадан.

Малдуин, притока на Теиглин; името најверојатно значи „Жолта Река“.

Малиналда „Дрво од Злато“, име за Лаурелин.

Манве, главатарот на Валарите, наречен и Сулимо, Првиот Крал, Владар на Арда.

Мандос, жилиштето во Аман каде што домувал Валата на кој правото име му било Намо, Судникот, иако ова име било ретко користено и најчесто го викале Мандос.

Марах, челник на третата свита Луѓе кои влегле во Белерианд; предок на Хадор Лориндол.

Мардил, наречен Верниот; првиот Владар-намесник на Гондор.

Марката на Меидрос, отворените земји на север од извориштето на реката Гелион кои Меидрос и неговите браќа ги варделе во одбрана на Источен Белерианд; наречени и источната Марка.

Мар-ну-Фалмар „Земјата под Брановите“, име за Нуменор по Погибелот.

Матан, голем нолдорски ковач, татко на Нерданел жената на Феанор.

Махал, името кое Џуџињата му го дале на Ауле.

Маханаксар, Судиот Обрач надвор од портите на Валмар во којшто биле поставени престолите на Валарите и каде што се збирале во совет.

Меѓуземје, земјата на исток од Големото Море; наречена и Вамошните Земји, Надворешните Земји, Големите Земји и Ендор.

Меиглин „Остар Поглед“, син на Еол и Аредел, сестрата на Тургон; роден во Нан Елмот; станал голем моќник во Гондолин и го предал на Моргот; отепан од Туор во обирот на градот. Види Ломион.

Меидрос, најстариот син на Феанор, наречен Високиот; спасен од Фингон од Тангородрим; го држел Ридот Химринг и земјата наоколу; го оформил Сојузот на Меидрос кој се растурил во Нирнеит Арноидиадот; одвел еден од Силмарилите заедно со него в смрт на крајот на Првата Ера.

Мелиан, Маиа која го напуштила Валинор и дошла во Меѓуземјето; подоцна станала Кралица на Крал Тингол во Дориат околу којшто поставила појас од маѓепство, Појасот на Мелиан; мајка на Лутиен и родоначалничка на Елронд и Елрос.

Мелкор, квенјаско име за големиот бунтовен Вала, почетокот на злото, во зачетокот најсилен од сите Аинури; подоцна наречен Моргот, Бауглир, Темниот Владар, Непријателот итн. Значењето на Мелкор било „Оној Кој со Моќ се Воскрева“; синдаринската форма била Белегур, но никогаш не била користена, освен во намерно изменетата форма Белегурт „Големата Смрт“. По пљачката на Силмарилите најчесто наречен Моргот.

Менегрот „Илјадните Пештери“, скриените дворови на Тингол и Мелиан на реката Есгалдуин во Дориат.

Менелдил, син на Анарион, Кралот на Гондор.

Менелмакар „Мечувалецот на Небото“, соѕвездието Орион.

Менелтарма „Столбот на Небесата“, планината среде Нуменор врз чијшто врв било Светилиштето на Еру Илуватар.

Мерет Адертад „Гозбата на повторно Сплотување“ одржана од Фингон близу Басените на Иврин.

Мим, Ситното Џуџе во чија куќа (Бар-ен-Данвед) на Амон Рут живеел Турин со тајфата одметници и кој им го предал упориштето на Орките; отепан од Хурин во Нарготронд.

Минас Анор „Кула на Сонцето“ (или само Анор), подоцна наречена Минас Тирит; градот на Анарион во падините на планината Миндоллуин.

Минас Итил „Кула на Месечината“, подоцна наречена Минас Моргул; градот на Исилдур, изграден на една од плеќите на Ефел Дуат.

Минас Моргул „Кулата на Маѓепсништво“ (или само Моргул), име за Минас Итил откако била освоена од Прстеновите Сеништа.

Минас Тирит (1) „Кула на Стражата“, изградена од Финрод Фелагунд на Тол Сирион; види Тол-ин-Гаурот.

Минас Тирит (2), подоцнежно име на Минас Анор. Наречен Престолнината на Гондор.

Минастир, види Тар-Минастир.

Миндеб, притока на Сирион помеѓу Димбар и Шумата Нелдорет.

Миндоллуин „Возвишената Синаглава“, големата планина зад Минас Анор.

Миндон Елдалиева „Вишна Кула на Елдалиите“, кулата на Ингве во градот Тирион; наречена и само Миндон.

Мириел (1), првата жена на Финве, мајка на Феанор; умрела по раѓањето на Феанор. Наречена Серинде, „Везачката“.

Мириел (2), ќерка на Тар-Палантир, сосила омажена за Ар-Фаразон и како негова кралица крстена Ар-Зимрафел; наречена и Тар-Мириел.

Митлонд, Сивите Пристани, пристаништа на Вилите во Заливот на Лун; наречени и Пристаните.

Митрандир „Сивиот Аџија“, вилинско име за Гандалф (Олорин), еден од Истарите (Волшебниците).

Митрим, името на големото езеро во источниот дел на Хитлум, како и на пределот околу него и планините на запад кои го одделувале Митрим од Дор-ломин. Името првично било име на Синдаринските Вили кои таму домувале.

Морвен, ќерка на Барагунд (внукот на Барахир, таткото на Берен); жена на Хурин и мајка на Турин и Ниенор; наречена Еледвен (во текстот преведено како Вилосјај) и Дамата од Дор-ломин.

Моргот, „Црниот Непријател“, име за Мелкор кое за првпат му го дал Феанор по пљачката на Силмарилите. Види Мелкор.

Моргул, види Минас Моргул.

Мордор, „Црната Земја“, наречена и Земјата на Сенка; царството на Саурон источно од планините Ефел Дуат.

Мориа „Црната Провалија“, подоцнежно име за Казад-дум (Хадодронд).

Мориквенди „Вили на Темнината“; види Темни Вили.

Мормегил „Црниот меч“, име кое му било дадено на Турин како војвода на свитата на Нарготронд; види Гуртанг.

Мостот на Есгалдуин, види Иант Иаур.

Мркогора, види Големата Зеленогора.

Музиката на Аинурите, види Аинулиндале.

Мургави Луѓе, види Источници.

Надворешните Земји, Меѓуземјето (наречено и Вамошните Земји).

Надворешното Море, види Еккаиа.

Назгул, види Прстенови сеништа.

Намо, Вала, еден од Аратарите; најчесто наречен Мандос, по местото каде што домувал. Намо значи „Наложувач, Судник“

Нан Дунгортеб, исто и Дунгортеб; во текстот преведно како „Долината на Страшна Смрт“. Долината помеѓу врлината Еред Горгорот и Појасот на Мелиан.

Нан Елмор, шумата источно од реката Келон каде што Елве (Тингол) бил маѓепсан од Мелиан и каде што се изгубил; подоцна жилиште на Еол.

Нандори, се велело дека значи „Оние кои се вратиле“: Нандори биле оние Вили од свитата на Телерите кои одбиле да ги преминат Магливите Планини на западното патување од Куивиенен, но дел од кои, предводени од Денетор, по долго време ги премостиле Сините Планини и се вдомиле во Оссирианд (Зелените Вили).

Нан-татрен „Врбова долина“, преведно како „Земјата на Врби“, каде реката Нарог се влевала во Сирион. Во песната на Дрвобрад во Двете Кули се употребени квенјаски форми на името: „...во врбовите полјани на Тасаринан...“; Нан-тасарион.

Нарготронд „Големата Подземна Тврдина на Реката Нарог“ основана од Финрод Фелагунд и уништена од Глаурунг; исто и царството Нарготронд кое се простирало источно и западно од Нарог.

Нарја, еден од Трите Прстени на Вилите, Прстенот на Огнот или Црвениот Прстен; носен од Кирдан, а потоа од Митрандир.

Нарн и хин Хурин „Сказна за чедата на Хурин“, долгата епопеја од којашто произлегува дваесет и првото поглавје; му се препишувала на поетот Дирхавел, Човек кој живеел во Пристаните на Сирион во деновите на Еарендил и витосал во нападот на синовите на Феанор. Нарн значи сказна напишана во стихови, но направена за да се кажува, а не за да се пее.

Нарог, главната река во Западен Белерианд која извирала кај Иврин под Еред Ветрин и се влевала во Сирион кај Нан-татрен.

Народот на Халет, види Халадини и Халет.

Нарсил, мечот на Елендил направен од Телкар од Ногрод кој бил скршен кога Елендил умрел во борба против Саурон; од парчињата бил прекован за Арагорн и крстен Андурил.

Нарсилион, Песна за Сонцето и Месечината.

Наугламир „Ѓерданот на Џуџињата“, направен за Финрод Фелагунд од Џуџињата, изведен од Хурин од Нарготронд за Тингол и причина за неговата смрт.

Наугрими „Грчавиот Народ“, синдаринско име за џуџињата.

Нахар, коњот на Валата Ороме за кој Елдарите велеле дека така бил наречен поради неговиот глас.

Невраст, пределот западно од Дор-ломин зад Еред Ломин каде што Тургон домувал пред да замине во Гондолин. Името, кое значи „Вамошен Брег“, првично се однесувало на целото северозападно крајбрежје на Меѓуземјето (чија спротивност бил Хеираст „Далечниот Брег“, крајбрежјето на Аман).

Неитан, име кое си го ставил Турин кога бил помеѓу одметниците, преведено како „Некабаетлијата“ (во буквална смисла „оној кој е лишен“).

Нелдорет, големата букова шума која го сочинувала северниот дел на Дориат; наречена Таур-на-Нелдор во песната на Дрвобрад во Двете Кули.

Нен Гирит „Растреперената Вода“, име кое им било дадено на Димрост, водопадите на Келеброс во Шумата Бретил.

Ненар, име на ѕвезда.

Ненја, еден од Трите Прстени на Вилите, Прстенот на Водата, носен од Галадриел; наречен и Прстенот од Брилијант.

Неннинг, река во Западен Белерианд која пристигала до морето кај Пристанот Егларест.

Ненуиал „Самрачното Езеро“ во Ериадор, каде што извирала реката Барандуин и крај коешто бил изграден градот Аннуминас.

Нерданел, наречена Мудрата; ќерка на ковачот Матан; жена на Феанор.

Несса, една од Валиерите, сестра на Ороме и друшка на Тулкас.

Ниврим, делот од Дориат кој лежел за западниот брег на Сирион.

Ниенна, една од Валиерите која се вбројувала во Аратарите; господарка на милоста и ужаленоста, сестра на Мандос и Лориен.

Ниенор „Ужаленост“, ќерката на Хурин и Морвен и сестра на Турин; била маѓепсана од Глаурунг во Нарготронд и не знаејќи за сопственото минато се венчала за Турин во Бретил каде што ја викале Ниниел; се фрлила во Теиглин.

Нимбретил, брезова корија во Арвениен во јужниот дел на Белерианд. Сп. со песната на Билбо во Режендол: „...од нимбретилски брезовец, брод направил за пловение...“

Нимлот (1) Белото Дрво на Нуменор, од коешто овошката која Исилдур ја зел пред да го исечат прераснала во Белото Дрво на Минас Итил. Нимлот „Бел Цут“ е синдаринска форма на квенјаското Нинквелоте, едно од имињата на Телперион.

Нимлот (2), Вила од Дориат која се венчала за Диор, Тинголовиот Наследник; мајка на Елвинг; загинала во Менегрот во нападот на синовите на Феанор.

Нимфелос, големиот бисер кој Тингол му го дал на владарот на Џуџињата во Белегост.

Ниниел „Расолзената мома“, името кое Турин, без да знае која е, ѝ го дал на сестра си; види Ниенор.

Нинквелоте „Бел Цут“, име за Телперион; види Нимлот (1).

Нирнеит Арноидиад „Солзи Неброени“ (исто и само Нирнеит), името кое ѝ било дадено на погубната петта битка во Војните во Белерианд.

нифредил, бело цвеќе кое процутело во Дориат под ѕвездената светлина кога се родила Лутиен. Раснело и на Керин Амрот во Лотлориен.

Нишанчиња, превод на Перианнати (Хобити).

Ногрод, еден од двата градови на Џуџињата во Сините Планини; синдарински превод на џуџевското Тумунзахар. Види Шуплипраг.

Ноигјит Нибин „Ситни Џуџиња“ (види и под Џуџиња).

Нолдоланте „Падот на Нолдорите“, тажачка испеана од Маглор, синот на Феанор.

Нолдори, види Длабоки Вили, втората свита Елдари на западното патување од Куивиенен, преводени од Финве. Името (Нолдо на Квенја, Голод на Синдарин) значело „Мудрите“ (но мудри во смисла на поседување знаење, не во смисла на длабок разум, правило разудување). За јазикот на Нолдорите види Квенја.

Ном, Номини „Мудрост“ и „Мудрите“, имињата кои Луѓето следбеници на Беор му ги дале на Финрод и неговиот народ на нивниот јазик.

Нулуккиздин, џуџевско име за Нарготронд.

Нуменор (целосна квенјаска форма: Нуменоре) „Западна Краина“, „Западна Земја“, големиот остров подготвен од Валарите за да им биде домовина на Едаините по крајот на Првата Ера. Наречен и Анадуне, Андор, Еленна, Земја на Ѕвездата, а по неговиот погибел Акаллабет, Аталанте и Мар-ну-Фалмар.

Нуменорци, Луѓето од Нуменор, наречени и Дунедаини.

Нуртале Валинорева „Сокривањето на Валинор“.

Овчари на Дрвјата, Енти.

Огнена Планина, види Ородруин.

Оиолоссе „Вечната Белина“, најчестото име помеѓу Елдарите за Таникветил, пренесено во Синдарин како Амон Уилос; но според Валаквентата било име и за највишната кула на Таникветил.

Оиомуре, предел на магли близу Хелкараксе.

олвари, вилински збор во говорот на Јавана и Манве во второто поглавје, што значи „нешта кои раснат со корен во земјата“.

Олве, водач, заедно со брат му Елве (Тингол), на свитите на Телерите во нивното западно патување од Куивиенен; владар на Телерите во Алквалонде во Аман.

Олорин, Маиа, еден од Истарите (Волшебниците); види Митрандир, Гандалф и сп. со Двете Кули: „Олорин ме викаа во младоста во Западот кој е сега заборавен“.

Ондолинде „Камена Песна“, првичното квенјаско име на Гондолин.

Опкружни Планини, види Ехориат.

Опкружно Море, види Еккаиа.

Орки, створови на Моргот.

Ормал, еден од Фенерите на Валарите направени од Ауле. Ормал стоел во јужниот дел на Меѓуземјето.

Ормански Вили, наречени и Горски Вили. Се чини дека потекнувале од оние Нандорински Вили кои никогаш не заминале западно од Магливите Планини, туку останале во Долината на Андуин и во Големата Зеленогора; види Нандори.

Ородрет, вториот син на Финарфин; каракол на кулата Минас Тирит на Тол Сирион; Крал на Нарготронд по смртта на брат му Финрод; татко на Финдуилас; загинал во Борбата на Тумхалад.

Ородруин „Планината на Распламен Оган“ во Мордор каде што Саурон го исковал Повелачкиот Прстен; наречена и Амон Амарт „Судната Планина“.

Орокарни, Планините на Исток во Меѓуземјето (името значи „Црвени Планини“).

Ороме, Вала, еден од Аратарите; големиот ловец, челник на Вилите од Куивиенен, маж на Вана. Името значи „Дување во Рог“ или „Звук на Рог“, сп. со Валарома; во Господарот на Прстените се појавува во синдаринската форма Арав.

Оромет, рид близу пристанот Андуние во западниот дел на Нуменор на којшто била изградена кулата на Тар-Минастир.

Ортанк „Рогата Висина“, нуменорската кула во Кругот на Ајзенгард.

Орфалх Ехор, големата пропаст среде Опкружните Планини по којашто се стигало до Гондолин.

Осаменото Острово, види Тол Ерессеа.

Осгилиат „Ѕврдина на Ѕвездите“, главниот град на древниот Гондор, на обете страни на реката Андуин.

Оссе, Маиа, вазал на Улмо, со кој влегол во водите на Арда; миленик и учител на Телерите.

Оссирианд „Земја на Седум Реки“ (што се однесувало на Гелион и нејзините притоки кои дотекувале од височините на Сините Планини), земјата на Зелените Вили. Сп. со песната на Дрвобрад во Двете Кули. „На лето талкав низ брестовите во Оссирианд. Ах! Светлината и музиката на летото крај Седумте Реки на Оссир!“. Види Линдон.

Ост-ин-Едил „Тврдина на Елдарите“, градот на Вилите во Ерегион.

Отар „Војник“, штитоносец на Исилдур кој ги довел парчињата на мечот на Елендил во Имладрис.

Палантири „Оние кои гледаат оддалеку“, седумте Гледачки Камења донесени од Елендил и неговите синови од Нуменор; направени од Феанор во Аман.

Пеларгир „Двориште на Кралски Бродови“, нуменорскиот пристан над утоката на Андуин.

Пелори „Оградни или Одбранбени Висини“, наречени и Планините на Аман и Планините на Одбрана и Пелорските Планини; кренати од Валарите по уништувањето на нивното жилиште во Алмарен; распространети во свиен ланец од север кон југ, близу до источните брегови на Аман.

Перианнати, Нишанчиња (Хобитите).

Планините: на Аман, на Одбрана, види Пелори; на Истокот, види Орокарни; на Железо, види Еред Енгрин; на Магла, види Хитеиглири; на Митрим, види Митрим; на Сенка, види Еред Ветрин и Ефел Дуат; на Ужас, види Еред Горгорот.

Полу-вилен, превод на синдаринското Передел, множина Передил, кое се однесувало на Елрод и Елрос, како и на Еарендил.

Порти на Летото, големата прослава во Гондолин за време на којашто градот бил нападнат од силите на Моргот.

Последното Сојузништво, сојузот направен на крајот на Втората Ера помеѓу Елендил и Гил-галад за пораз на Саурон.

Потемдојденци, Помладите Чеда на Илуватар, Луѓето; превод на Хилдори.

Правиот Друм, Правиот Пат, патот преку Морето кон Древниот или Правиот Запад, по којшто бродовите на Вилите можеле сѐ уште да пловат по Погибелот на Нуменор и Завојот на Светот.

Првородените, Постарите Чеда на Илуватар, Вилите.

Пристани, Бритомбаг и Егларест на брегот на Белерианд; Пристаните на Сирион на крајот на Првата Ера; Сивите Пристани (Митлонд) во Заливот на Лун. Алквалонде, Пристанот на Лебедите или Лебедниот пристан, исто така е наречен и само „Пристанот“.

Прстени на Моќта; Баш-Прстенот, Големиот Прстен или Повелачкиот Прстен; Трите Прстени на Вилите (види и Нарја, Прстенот на Оган, Ненја, Прстенот од Брилијант и Вилја, Прстенот од Сафир); Седумте Прстени на Џуџињата; Деветте Прстени на Луѓето.

Прстенови сеништа, робовите на Деветте Прстени на Луѓето и главни слуги на Саурон; наречени и Назгули и Улари.

Рагнор, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Радагаст, еден од Истарите (Волшебниците).

Радруин, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Рамдал „Крајот на Ѕидот“ (види Андрам), каде што прекинувала падината-делник што го сечела Белерианд.

Рана „Талкачот“, име за Месечината помеѓу Нолдорите.

Раскрсницата на Теиглин, место во југозападниот дел на Шумата Бретил каде што стариот пат јужно од Преминот на Сирион се вкрстувал со Теиглин.

Ратлориел „Златокорито“, подоцнежно име на реката Аскар, откако богатството на Дориат потонало во неа.

Раурос „Бучен Плисок“, големите водопади на реката Андуин.

Регион, густата шума која го сочинувала јужниот дел на Дориат.

Режендол, превод на Имладрис.

Резливиот Мраз, види Хелкараксе.

Рерир, планина на север од Езерото Хелеворн, каде што извирала поголемата од двете краци-притоки на Гелион.

Риан, ќерка на Белегунд (внукот на Барахир, таткото на Берен); жена на Хуор и мајка на Туор; по смртта на Хуор умрела од жал врз Хауд-ен-Нденгин.

Ривил, поток кој се спуштал на север од Дортонион и се влевал во Сирион во Мртвакот Серех.

Рингвил, потокот кој се влевал во реката Нарог во Нарготронд.

Рингил, мечот на Финголфин.

Рованион „Дивина“, широкиот предел источно од Магливите Планини.

Родоморство, убиството на Телерите од страна на Нолдорите во Алквалонде.

Роменна, пристан на источниот брег на Нуменор.

Ротинзил, адунаикско (нуменорско) име за Вингилот, бродот на Еарендил, со исто значење: „Пено-цвет“.

Рохаллор, коњот на Финголфин.

Рохан „Коњската Земја“, подоцнежно име во Гондор за големата тревна рамнина претходно наречена Каленардон.

Рохирими „Коњокротителите“ од Рохан.

Рудаур, предел во североисточниот дел на Ериадор.

Румил, нолдорински мудрец од Тирион кој прв изнедрил писмо; нему му се препишува Аинулиндалето.

Салмар, Маиа кој влегол во Арда со Улмо; творец на големите рогови на Улмо, Улумурите.

Самрачните Вирови, види Еилин-уиал.

Сарн Атрад „Бродот од Камења“, каде што Џуџевиот друм од Ногрод и Белегост се вкрстувал со реката Гелион.

Саруман „Вешт Човек“, превод меѓу Луѓето на името на Курунир, еден од Истарите (Волшебниците).

Саурон „ Ненавистниот“ (на Синдарин наречен Гортаур); најголемиот од слугите на Мелкор; во зачетокот бил Маиа на Ауле.

Северните Баири во Ериадор, каде што бил изграден нуменорскиот град Форност.

Северното Пророштво, Судот на Нолдорите изречен од Мандос на брегот на Араман.

Седумте Камења, види Палантири.

Седумте Таковци на Џуџињата, види Џуџиња.

Сеирос, Нандоринска Вила, еден од главните советници на Тингол во Дориат; го навредил Турин во Менегрот кој за возврат го гонел до смрт.

Сеништни Планини, види Еред Ветрин.

серегон „Камена Крв“, билка со длабоко црвени цветови која растела на Амон Руд.

Серех, големиот мртвак северно од Преминот на Сирион, каде што реката Ривил дотекувала од Дортонион.

Серинде „Везачката“, види Мириел (1).

Сиви Вили, види Синдари.

Сивите Прибежишта, види Пристани, Митлонд.

Сивоплашт, види Синголло, Тингол.

Силмариен, ќерка на Тар-Елендил, четвртиот Крал на Нуменор; мајка на првиот владар на Андуние и родоначалничка на Елендил и неговите синови Исилдур и Анарион.

Силмарили, трите џеваири направени од Феанор пред унишувањето на Двете Дрва во Валинор и исполети со нивната светлина.

Силнолак, превод на Куталион, име за Белег.

Силпион, име за Телперион.

Синголло „Сива-руба“, „Сивоплашт“; види Синдари, Тингол.

Синдари, Сивите Вили. Името се однесувало на сите Вили од Телеринско потекло кои Нолдорите по враќањето ги затекнале во Белерианд, освен Зелените Вили од Оссирианд. Нолдорите можеби го сковале ова име поради тоа што првите Вили од вакво потекло со коишто се сретнале живееле под сивото небо и маглите околу Езерото Митрим (види Митрим); или поради тоа што Сивите Вили не биле ниту Вили на Светлината (од Валинор) ниту Вили на Темнината (Авари), туку биле Вили на Самракот. Но се сметало дека се однесува и на името на Елве, Тингол (Синдаколло, Синголло „Сива-руба“), затоа што бил признат како врховен крал на сета земја и сите народи во неа. Синдарите самите се нарекувале Едил, множина Едели.

Синдарин, вилинскиот јазик во Белерианд изведен од заедничкиот вилински јазик, но поради долгите години многу изменет од квенјаскиот јазик на Валинор; присвоен од нолдоринските сургунџии во Белерианд. Наречен и јазикот на Сивите Вили, јазикот на Вилите од Белерианд.

Сините Планини, види Еред Луин и Еред Линдон.

Синовите на Феанор, види Меидрос, Маглор, Келегорм, Карантир, Куруфин, Амрод, Амрас. Обично именувани како група, особено по смртта на татко им.

Сирион „Големата Река“, која течела од север кон југ и го делела Западен од Источен Белерианд.

Ситни Џуџиња, превод на Ноигјит Нибин. Види и под Џуџиња.

Скриеното Кралство, име кои им било дадено и на Дориат и на Гондолин.

Следбениците, Помладите Чеда на Илуватар, Луѓето; превод на Хилдори.

Сојузот на Меидрос, сојузништвото основано од Меидрос за пораз на Моргот кое се растурило со Нирнеит Арноидиадот.

Соронуме, име на соѕвездие.

Српот на Валарите, види Валакирка.

Сувата Река, реката која еднаш истекувала од под Опкружните Планини од исконското езеро каде потоа се простирала Тумладен, рамнината на Гондолин.

Судната Планина, види Амон Амарт.

Судниот Обрач, види Маханаксар.

Сулимо, име за Манве, пренесено во Валаквентата како „Владар на Здивот на Арда“ (буквално „Дишачот“).

Талат Дирнен, Вардената Рамнина северно од Нарготронд.

Талат Рунен „Источниот Дол“, старо име за Таргелион.

Талион, „Тврдокорен, Силен“; види Хурин.

Талос, втората притока на Гелион во Оссирианд.

Тангородрим „Планини на Тиранија“, кренати од Моргот над Ангбанд; разбиени во Големата Битка на крајот на Првата Ера.

Таникветил „Висок Бел Врв“, највисока од Пелорските планини и највисока планина во Арда, врз чијшто капец била Илмарин, палатата на Манве и Варда; наречена и Белата Планина, Светата Планина и Планината на Манве. Види Оиолоссе.

Тар-Анкалимон, четиринаесетти Крал на Нуменор, во чиешто време Нуменорците се поделиле во спротиставени тарафи.

Тарас, планина на ’ртот на Неврас; под неа бил Винјамар, жилиштето на Тургон пред да замине во Гондолин.

Тар-Атанамир, тринаесетти крал на Нуменор, пред којшто дошле гласниците на Валарите.

Таргелион „Земјата зад Гелион“ помеѓу планината Рерир и реката Аскар, каде што домувал Карантир; наречена и Дор Карантир и Талат Рунен.

Тар-Елендил, четврти Крал на Нуменор, татко на Силмариен, од којшто потекнувал Елендил.

Тар-Калион, квенјаско име за Ар-Фаразон.

Тар-Кирјатан, дванаесетти Крал на Нуменор „Бродоградителот“.

Тар-Минастир, единаесетти Крал на Нуменор; му помогнал на Гил-галад во војната против Саурон.

Тар-Минјатур, име за Елрос Полу-вилен како прв крал на Нуменор.

Тар-Мириел, види Мириел (2).

Тарн Еилуин, езерото во Дортонион каде Барахир и другарите си направиле упориште и каде што загинале.

Тар-Палантир, дваесет и трети Крал на Нуменор, кој се покајал за делата на Кралевите и си го ставил квeнјаското име: „Оној кој гледа на далеку“. Види Инзиладун.

Таур-ен-Фарот, горските балкани на запад од реката Нарог над Нарготронд; наречени и Високиот Фарот.

Таур-им-Дуинат „Шумата помеѓу Реките“, има за дивата земја јужно од Андрам помеѓу Сирион и Гелион.

Таур-ну-Фуин, подоцнежно име за Дортонион: „Шумата под Ноќ“. Сп. со Делдуват.

Таурон „Шумарот“ (преведено во Валаквентата како „Владар на Шумите“), име за Ороме меѓу Синдарите. Сп. со Алдарон.

Теиглин, притока на Сирион која извирала во Еред Ветрин и ја обрабувала Шумата Бретил на југ; види Раскрсницата на Теиглин.

Телемнар, дваесет и шести Крал на Гондор.

Телери, третата и најголема свита Елдари кои тргнале на западното патување од Куивиенен, предводена од Елве (Тингол) и Олве. Нивното име за нив самите било Линдар, Пејачите; името Телери, Последно-дојдени, Најзадни, им го дале оние кои оделе пред нив во походот. Многу од Телерите не го напуштиле Меѓуземјето; Синдарите и Нандорите по потекло биле Телерински Вили.

Телкар, најпрославениот ковач во Ногрод, творец на Ангрист и (според Арагорн во Двете Кули) на Нарсил.

Телперион, постарото од Двете Дрва на Валинор. Наречено Белото Дрво.

Телумендил, име на соѕвездие.

Темен Владар, термин користен за Моргот и за Саурон.

Темни Вили; на јазикот на Аман сите Вили кои не го преминале Големото Море биле Темни Вили (Мориквенди) и терминот понекогаш се употребува во таа смисла; кога Карантир го нарекол  Тингол Темна Вила намерата му била да го омаловажи, особено бидејќи Тингол бил во Аман „и не се вбројува меѓу Мориквендите“. Но во периодот на Сургунот на Нолдорите терминот често бил користен од Вилите од Меѓуземјето кои не биле Нолдори или Синдари и во тој случај бил потполно еднаков на Авари. Смислата на титулата Темна Вила на синдаринската Вила Еол е исто така поинаква, но кога Тургон му се обратил така на Еол, велејќи му дека мора да се потчини на неговиот закон и да остане во Гондолин, несомнено сакал да каже дека Еол спаѓа во Мориквендите.

Тилион, Маиа, кормилар на Месечината.

Тингол „Сива-руба“, „Сивоплашт“ (Синдаколло, Синголло на Квенја), името по коешто Елве, водачот заедно со неговиот брат Олве на свитата на Телерите од Куивиенен и потоа Крал на Дориат, бил познат во Белерианд; наречен и Скриениот Крал. Види Елве.

Тинталле „Завалувачката“, име за Варда како творителка на Ѕвездите. Вака е наречена во тажачката на Галадриел во Лориен. Сп. со Елберет, Елентари.

Тинувиел, името кое Берен и го дал на Лутиен; поетски збор за славеј, „Ќерка на Самракот“. Види Лутиен.

Тирион „Голема Караула“, градот на Вилите на ридот Туна во Аман.

Тол Гален „Зелената Ада“ во реката Адурант во Оссирианд, каде што живееле Берен и Лутиен по нивното враќање.

Тол Ерессеа „Осаменото Острово“ (исто и само Ерессеа), врз коешто Ванјарите и Нолдорите, а потоа и Телерите биле одвлечени преку океанот од Улмо и кое најпосле било вкоренето во Заливот на Елдамар близу бреговите на Аман. На Ерессеа Телерите долго време останале пред да заминат во Алквалонде; таму домувале и голем број Нолдори и Синдари по крајот на Првата Ера.

Тол Морвен, остров во морето по потопувањето на Белерианд врз којшто стоел спомен-каменот на Турин, Ниенор и Морвен.

Тол Сирион, остров во реката кај Преминот на Сирион на којшто Финрод ја изградил кулата Минас Тирит; прекрстен во Тол-ин-Гаурот откако бил завземен од Саурон.

Тол-ин-Гаурот „Адата на Врколаци“, име за Тол Сирион откако бил завземен од Саурон.

Торондор „Крал на Орлите“. Сп. со Враќањето на Кралот: „Стариот Торондор, кој си ги изгради гнездата врз непристапните врвови на Опкружните Планини кога Меѓуземјето беше младо.“ Види Криссеигрим.

Трандуил, синдаринска Вила, крал на Орманските Вили во северниот дел на Големата Зеленогора (Мркогора); татко на Леголас, кој бил во Дружината на Прстенот.

Тулкас, Вала, „најголеми по јачина и бабаитлак“, кој дошол последен во Арда; наречен и Асталдо.

Тумладен „Широката Долина“, скриениот дол во Опкружните Планини сред кој стоел градот Гондолин. (Тумладен подоцна било името на една долина во Гондор).

Тумунзахар, види Ногрод.

Тумхалад, долина во земјата помеѓу реките Гинглит и Нарог каде што била поразена свитата на Нарготронд.

Туна, зелениот рид во Калакирја на којшто бил изграден Тирион, градот на Вилите.

Туор, син на Хуор и Риан, посинет од Сивите Вили од Митрим; влегол во Гондолин носејќи порака од Улмо; се венчал со Идрил. ќерката на Тургон и заедно со неа и со синот Еарендил избегал од уништувањето на Градот; запловил кон Запад во неговиот брод Еарраме.

Тур Харета, могилата на Дамата Халет во Шумата Бретил (види Хауд-ен-Арвен).

Турамбар „Владетел на Судбата“, прекарот кој Турин си го ставил за време на неговите денови во Шумата Бретил.

Тургон, наречен Мудриот; вториот син на Финголфин; домувал во Винјамар во Невраст пред потајно да замине во Гондолин со којшто владеел сѐ додека не загинал во обирот на градот; татко на Идрил, мајката на Еарендил.

Турин, син на Хурин и Морвен; главен лик во епопејата наречена Нарн и хин Хурин од којашто е произлезено дваесет и првото поглавје. За неговите други имиња види Неитан, Гортол, Агарвеин, Мормегил, Дивиот од Коријата, Турамбар.

Турингветил „Жената со Тајна Сенка“, гласничката на Саурон од Тол-ин-Гаурот која можела да се престори во голем лилјак и во чиј облик Лутиен влегла во Ангбанд.

Уинен, Маиа, Дамата на Морето, друшка на Оссе.

Улари, види Прстенови сеништа.

Улварт, син на Улфанг Црниот, отепан од синовите на Бор во Нирнеит Арноидиадот.

Улдор, наречен Клетиот, син на Улфанг Црниот; отепан од Маглор во Нирнеит Арноидиадот.

Улмо, Вала, еден од Аратарите, наречен Владар на Водите и Крал на Морето. Името од Елдарите било протолкувано како „Истурачот“ или „Дождлијата“.

Улумури, големите рогови на Улмо направени од Маиата Салмар.

Улфанг, наречен Црниот; главатар на Источниците, кој со неговите три синови го следел Карантир и се покажал како неверен во Нирнеит Арноидиадот.

Улфаст, син на Улфанг Црниот, отепан од синовите на Бор во Нирнеит Арноидиадот.

Уманјари, име кое им било дадено на оние Вили кои тргнале на западното патување од Куивиенен, но не стигнале до Аман: „Оние кои не се од Аман“, наспроти Аманјари „Оние од Аман“.

Умарт „Нек’смет“, име кое Турин го измислил за име на татко му во Нарготоронд.

Умбар, голем природен пристан и крепост на Нуменорците јужно од Заливот на Белфалас.

Унголиант, големиот пајак, уништувач, заедно со Мелкор, на Дрвата на Валинор. Шилоб во Господарот на Прстените била „последното чедо на Унголиант останато да го мачи несреќниот свет“ (Двете Кули).

Уртел, еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Урулоки, квенјаски збор што значи „огнена-ала“, ламја.

Утумно, првата голема крепост на Мелкор во северниот дел на Меѓуземјето; уништена од Валарите.

Фалас, западното крајбрежје на Белерианд јужно од Невраст.

Фалатар, еден од тројцата морепловци кои го придружувале Еарендил на неговите пловидби.

Фалатрими, Телеринските Вили од Фалас, чиј владар бил Кирдан.

Фалмари, Морските Вили; име за Телерите кои го напуштиле Меѓуземјето и заминале на Запад.

Фаразон, види Ар-Фаразон.

Феанор, најстариот син на Финве (единствена рожба на Финве и Мириел), полубрат на Финголфин и Финарфин; највелик од сите Нолдори и водач на нивниот бунт; створител на Феанорското писмо; творец на Силмарилите; загинал во Митрим во Дагор-нуин-Гилиатот. Името му било Куруфинве (куру „вештина“) и ова име му го дал на неговиот петти син, Куруфин; но тој самиот отсекогаш бил познат по името кое му го дала мајка му, Феанаро „Дух на Огнот“, на кое му била дадена синдаринската форма Феанор.

Феантури „Господари на Душите“, Валарите Намо (Мандос) и Ирмо (Лориен).

Феиливрин, име кое Гвиндор ѝ го дал на Финдуилас.

Фелагунд, името по кое Крал Финрод бил познат по изградбата на Нарготронд; по потекло било од јазикот на Џуџињата (фелак-гунду „режач на пештери“, но во текстот е преведено како „Владар на Пештери“). Види Финрод.

Финарфин, третиот син на Финве, помладиот од полубраќата на Феанор; останал во Аман по Сургунот на Нолдорите и владеел со остатокот на неговиот народ во Тирион. Бил единствениот од нолдоринските принцеви, заедно со своите потомци, што имал златна коса, по мајка му Индис која била ванјаринска Вила (види Ванјари).

Финве, водач на Нолдорите на западното патување од Куивиенен; Крал на Нолдорите во Аман; татко на Феанор, Финголфин и Финарфин; отепан од Моргот во Форменос.

Финголфин, вториот син на Финве, постариот од полубраќата на Феанор; Врховен Крал на Нолдорите во Белерианд; домувал во Хитлум; отепан од Моргот во бој на гради в гради.

Фингон, најстариот син на Финголфин, наречен Јунакот; го спасил Меидрос од Тангородрим: Врховен Крал на Нолдорите по смртта на татко му; отепан од Готмог во Нирнеит Арноидиадот.

Финдуилас, ќерка на Ородрет; сакана од Гвиндор; заробена во обирот на Нарготрод и убиена од Орките кај Раскрсницата на Теиглин.

Финрод, најстариот син на Финарфин, наречен „Верниот“ и „Пријател на Луѓето“. Основоположник и Крал на Нарготронд, каде што го добил името Фелагунд; ги сретнал во Оссирианд првите Луѓе кои ги преминале Сините Планини; спасен од Барахир во Дагор Браголлахот; си ја искупил заклетвата на Барахир со тоа што го придружувал Берен во неговата задача; загинал во одбрана на Берен во занданите на Тол-ин-Гаурот.

Фиримари „Смртници“, едно од вилинските имиња за Луѓето.

Форменос „Северна Тврдина“, крепоста на Феанор и неговите синови во северниот дел на Валинор, изградена по протерувањето на Феанор од Тирион.

Форност „Северна Тврдина“, нуменорски град на Северните Баири на Ериадор.

Фродо, Прстеноносачот.

Фуинур, нуменорски отпадник кој се воздигнал меѓу Харадримите на крајот на Втората Ера.

Хадодронд, синдаринско име за Казад-дум (Мориа)

Хадор, наречен Лориндол „Златокос“, исто и Хадор Златнокос; владар на Дор-ломин; вазал на Финголфин; татко на Галдор таткото на Хурин; загинал кај Еител Сирион во Дагор Браголлахот. Лозата на Хадор била наречена Третата Едаинска Лоза. Шлемот на Хадор: види Змејскиот Шлем на Дор-ломин.

Халадини, вторитеЛуѓе кои влегле во Белерианд; подоцна биле наречени Луѓето на Халет и домувале во Шумата Бретил; наречени и Луѓето од Бретил.

Халдад, водач на Халадините во одбраната од нападот на Орките врз нив во Таргелион каде што и загинал; татко на Дамата Халет.

Халдан, син на Халдар; водач на Халадините по смртта на Дамата Халет.

Халдар, син на Халдад од Халадините и брат на Дамата Халет; загинал со татко му за време на налетот на Орките во Таргелион.

Халдир, син на Халмир од Бретил; се венчал со Глоредел, ќерката на Хадор од Дор-ломин; загинал во Нирнеит Арноидиадот.

Халет, наречена Дамата Халет; водач на Халадините (кои по неа биле наречени Народот на Халет) во нивната селидба од Таргелион до земјите западно од Сирион.

Халмир, владар на Халадините, син на Халдан; заедно со Белег од Дориат ги поразил Орките кои дошле јужно од Преминот на Сирион по Дагор Браголахот.

Хандир, син на Халдир и Глоредел; татко на Брандир Сакатиот; владар на Халадините по смртта на Халдир; загинал во Бретил во битка со Орките.

Харадрими, луѓето од Харад („Југот“), земјите јужно од Мордор.

Харет, ќерка на Хелмир од Бретил; се венчала со Галдор од Дор-ломин; мајка на Хурин и Хуор.

Хаталдир, наречен Младиот; еден од дванаесетте другари на Барахир на Дортонион.

Хатол, татко на Хадор Лориндол.

Хауд-ен-Арвен, „Дамската Могила“, могилата на Халет во Шумата Бретил.

Хауд-ен-Еллет, брдото каде што била закопана Финдуилас, близу Раскрсницата на Теиглин.

Хауд-ен-Нденгин „Брдото на Загинатите“ во пустината Анфауглит каде што биле натрупани телата на Вилите и Луѓето кои загинале во Нирнеит Арноидиадот.

Хауд-ен-Нирнеит „Брдото на Солзи“, друго име за Хауд-ен-Нденгин.

Хелеворн „Црно Стакло“, езеро во северниот дел на Таргелион под планината Рерир каде што домувал Карантир.

Хелкар, внатрешното море на североисток во Меѓуземјето, каде што некогаш била планината со фенерот Иллуин; вирот Куивиенен каде што се разбудиле првите Вили е опишан како залив на ова море.

Хелкараксе, теснецот помеѓу Араман и Меѓуземјето; наречен и Резливиот Мраз.

Хеллуин, ѕвездата Сириус.

Херумор, нуменорски отпадник кој се воздигнал меѓу Харадримите на крајот на Втората Ера.

Херунумен „Владар на Западот“, квенјаско име за Ар-Адунакор.

Хилдори, „Следбеници“, „Потемдојденци“, вилинско име за Луѓето, како Помлади Чеда на Илуватар.

Хилдориен, земјата во источниот дел на Меѓуземјето каде што се разбудиле првите Луѓе (Хилдорите).

Химлад „Ладна Рамнина“, пределот каде што домувале Келегорм и Куруфин јужно од Преминот Аглон.

Химринг, големиот рид западно од Маглоровиот Јаз врз којшто била крепоста на Меидрос; во текстот преведен како „Вечно-студен“.

Хирилорн, големата бука со три стебла во Дориат каде што била затворена Лутиен. Името значи „Дрво на Дамата.“

Хисиломе „Земја на Магла“, квенјаско име за Хитлум.

Хитеиглири „Линија на Магливи Врвови“, Магливите Планини или Планините на Магла. (Формата „Хетеиглини“ на мапата во Господарот на Прстените е грешка.)

Хитлум, „Земја на Магла“, пределот кој на исток и југ бил ограничен со Еред Ветрин, а на запад со Еред Ломин; види Хисиломе.

Хјарментир, највисоката планина во пределите јужно од Валинор.

Холлин, види Ерегион.

Хуан, големиот загар волчјак од Валинор кој Ороме му го дал на Келегорм; пријател и помагач на Берен и Лутиен; го отепал и бил отепан од Кархарот. Името значи „големо куче, загар“.

Хунтор, човек од Халадините од Бретил кој го придружувал Турин за време на нападот против Глаурунг кај Кабед-ен-Арас и притоа бил отепан од еден одронет камен.

Хуор, син на Галдор од Дор-ломин; маж на Риан и татко на Туор; заминал во Гондолин со брат му Хурин; загинал во Нирнеит Арноидиадот.

Хурин, наречен Талион „Тврдокорниот“, „Силниот“; син на Галдор од Дор-ломин, маж на Морвен и татко на Турин и Ниенор; владар на Дор-ломин; вазал на Фингон. Заминал со брат му Хуор во Гондолин; заробен од Моргот во Ниреит Арноидиадот и долги години оставен на Тангородрим; по ослободувањето го отепал Мим во Нарготронд и му го довел Наугламир на Крал Тингол.

Црвениот Прстен, види Нарја.

Црната Земја, види Мордор.

Црниот Меч, види Мормегил.

Чедата на Илуватар, како и Чедата на Еру: превод на Хини Илуватаро, Ерухини; Првородените и Следбениците, Вилите и Луѓето. Наречени и Чедата, Чедата на Земјата, Чедата на Светот.

Џуџевдлаб „Џуџева Ископина“: превод на Казад-дум (Хадодронд).

Џуџевиот Друм, пат кој водел надолу до Белерианд од градовите Ногрод и Белегост и се вкрстувал со Гелион кај бродот Сарн Атрад.

Џуџиња; види Наугрими.

Шуплипраг, превод на Ногрод: „шупливо жилиште“. (праг - дом, во преносна смисла)