Загадочниот брод - Полиграматон

Загадочниот брод

Кратка верзија

Ројал прес

1902


Глава 1.


Во пролетта во 1847, селцето Руралвил беше нурнато во состојба на општа возбуда со доаѓањето на еден чуден бриг во сидриштето. Немаше развеано знаме и сите одлики му беа такви да би пробудиле сомнеж. Немаше име. Капетанот му се викаше Мануел Руело. Меѓутоа, возбудата порасна кога Џон Григс исчезна од дома. Ова беше на 4 окт. На 5 окт. бригот го снема.


Глава 2.


Бригот, на заминување, се сретна со една американска фрегата и почна жестока битка. Кога се сврши, им* фалеше човек. по име Хенри Џонс.


*(на фрегатата)


Глава 3.


Бригот продолжи со курсот во правец на Мадагаскар, кога стигна, домородците се разбегаа. Кога пак се собраа на другата страна на островот, еден им фалеше. Се викаше Дахабеа.


Глава 4.


Најнакрај беше одлучено дека мора да се преземе нешто. Понудена беше награда од £5,000 за заробувањето на Мануел Руело., Кога стигнаа потресни вести, некој безимен бриг заринкал во Флорида Кис.


Глава 5.


Беше испратен брод до Флорида и мистеријата беше решена. Во возбудата на борбата се спуштале со подморница и си земале што сакале. пред очи им беше, спокојно нишкајќи се на водите на Атлантикот кога некој викна „Џон Браун исчезна.“ И навистина, Џон Браун го немаше.


Глава 6.


Пронаоѓањето на подморницата и исчезнувањето на Џон Браун, одново предизвика возбуда помеѓу луѓето, кога беше направено ново откритие. При прераскажувањето на ова откритие потребно е да се прераскаже и еден географски факт. На С. пол постои масивен континент составен од вулканска почва, од којшто еден дел е отворен за истражувачи. Се вика „Ничија земја.“


Глава 7.


На најсамоти јужен дел на Ничија земја пронајдена беше колиба и неколку други знаци на човечко населеништво. бргу влегоа и врзани за подот со синџири ги најдоа Григс, Џонс и Дахабеа. Штом се вратија во Лондон, се разделија, Григс си појде во Руралвил, Џонс на фригатата, а Дахабеа во Мадагаскар.


Глава 8.


Но мистеријата на Џон Браун и понатаму не беше решена, па поставија будна стража на пристаништето во Ничија земја и кога подморницата пристигна и пиратите, еден по еден и предводени од Мануел Руело, го напуштија бродот, беа пресретнати од дожд од сачми. По борбата браун беше повратен.


Глава 9.


На Григс му приредија кралски пречек во Руралвил, а во чест на Хенри Џонс беше приготвена вечера, Дахабеа беше ставен да биде крал на Мадагаскар, а Браун го назначија за капетан на бродот.


КРАЈ



Долга верзија

од Анонимен автор


Во пролетта во 1847, селцето Руралвил беше нурнато во состојба на општа возбуда со закотвувањето на еден чуден бриг во сидриштето. Немаше развеано знаме и на страните немаше напишано име и сите одлики му беа такви да би пробудиле сомнеж. Беше од Триполи во Африка и капетанот му се викаше Мануел Руело. Меѓутоа; возбудата порасна кога Џон Григс (селскиот зенгин) ненадејно исчезна од дома. Ова беше ноќта на 4 октомври - на 5 октомври бригот си замина.


Глава II


Бродското ѕвоно на американскиот фригат „Конститушан“ имаше удрено 8 пати кога командирот Фарагут забележа чуден бриг на запад. Немаше развеано знаме и на страните немаше напишано име и сите одлики му беа такви да би пробудиле сомнеж. Кога го поздравија дигна Пиратско знаме. Фарагут нареди да се испука топот и штом се испука, пиратскиот брод им возврати со страничен плотун кога борбата се сврши на командирот Фарагут му фалеше еден човек по име Хенри Ф. Џонс.


Глава III


Беше лето на островот Мадагаскар. И домородците береа пченка, кога еден извика „Ортаци! Гледам брод! без знаме и на страните нема напишано име и сите одлики му се такви да би пробудиле сомнеж!“ И домородците се разбегаа кога пак се собраа на другата страна на островот еден им фалеше се викаше Дахабеа.


Глава IV


Најнакрај беше одлучено дека мора да се преземе нешто. Споредени беа изјави. Воспоставено беше дека се имаа случено три грабнувања луѓето си спомнуваа за исчезнувањето на Џон Григс, Хенри Џон и Дахабеа. Најпосле беа издадени објави во весник кои нудеа награда од £5,000 за заробувањето на Мануел Руело, бродот, затворениците и екипажот. Кога во Лондон пристигнаа возбудливи вести! Непознат бриг без име заринкал во Флорида Кис во Америка!


Глава V


Луѓето повјасаа кон Флорида и здогледаа ---. Предмет во форма на челично вретено недвижно пловеше во водата крај здробениот крш на бригот. „Подморница“! извика еден човек „Да!“ извика друг „Мистеријата е расчистена“ рече еден мудролик човек. Во возбудата на борбата се спуштаат со подморница и, невидени, земаат сѐ што им душа сака. И ---.“ „Џон Браун исчезна“! извика некој глас од палубата. И навистина, Џон Браун го немаше!


Глава VI


Пронаоѓањето на подморницата и исчезнувањето на Џон Браун одново предизвика возбуда помеѓу луѓето, и беше направено ново откритие. Во прераскажувањето на ова откритие потребно е да се раскаже и еден географски факт: - На Северниот пол се вели дека постои масивен континент составен од вулканска почва, еден дел е отворен за патници и истражувачи, но е штур и неплоден. и затоа и потполно непрооден. Се вика „Ничија земја.“


Глава VII


На најсамоти јужен дел на Ничија земја пронајдени беа док и колиба и едночудо знаци на некогашно човечко населеништво. На колибата имаше заковано ‘рѓосана плочка за врата потпишана „М. Руело“ на староанглиски. Значи, ова беше домот на Мајкл Руело. Куќата развидели бележник кој му припаѓаше на Џон Григс и дневникот на „Конститушан“ земен од Хенри Џонс, како и мадагаскарскиот срп кој му припаѓаше на Дахабеа.


Глава VIII


Баш кога тргнаа да си одат, воочија тајно копче врз страната на колибата. Го притиснаа. - На страната на колибата се појави дупка во којашто веднаш влегоа. Се најдоа во подземна пештера, плажата се протегаше до работ на црно, струшено, море. во морето пловеше мрачен издолжен предмет - имено, друга подморница во којашто влегоа. Таму, врзани за подот на кабината беа Григс, Џонс и Дахабеа, здрави и живи. Кога се вратија во Лондон, се разделија, Григс си појде во Руралвил, Џонс, на „Конститушан“, а Дахабеа во Мадагаскар.


Глава IX


Но мистеријата на Џон Браун и понатаму остана нерешена. Па поставија будна стража на пристаништето во Ничија земја надевајќи се дека подморницата ќе пристигне. Меѓутоа, најнакрај, навистина пристигна носејќи го со себе Џон Браун. Се решија да нападот го изведат на 5 октомври. Се подредија по брегот и формираа единици. Најпосле, еден по еден и предводени од Мануел Руело, пиратите го напуштија бродот. Беа пресретнати од дожд од сачми (што мошне ги вчудовиди).


Глава X


Завршеток


Пиратите најнакрај беа поразени и организирана беше потрага по Браун. Најнакрај го најдоа (претходно споменатиот Браун). На Џон Григс му приредија кралски пречек во Руралвил и приготвена беше и вечера во

Дахабеа беше ставен да биде крал на Мадагаскар, а Мануел Руело беше погубен во затворот „Њугејт“.


Крај