Стриповите се достапни само дигитално. Се симнуваат во .cbz формат и може да се отворат со било која апликација за читање стрипови (CDisplayEx, Panels, итн.).
По силен земјотрес, на планината Амигара во Јапонија се појавува расед врз кој има издлабено безброј дупки во облик на луѓе. Веста за раседот се шири и голема толпа доаѓа да го посети бизарниот природен феномен. Но, главната причината за доаѓањето на луѓето не е геолошка љубопитност, тука фактот што секој човек чувствува необјаснив нагон дека во мноштвото дупки има една наменета само за него, во која тој мора да влезе. Која е целта на дупките?
„Енигмата на раседот Амигара“ е едно од најпознатите дела на Џунџи Ито, јапонскиот мајстор на хорор мангата, и маестрално...
СИМНИ БЕСПЛАТНО
Човекот кој помогна да се
изгради универзумот на „Марвел“ претставува восхитувачка сказна за една од неговите најсакани творби
- прекрасно илустрирана од францускиот визионерски уметник Мебиус!
Небопловниот Сребрен Сурфер веќе не рее. Здробен од човечката слабост и лошотилук, живее како
бескуќник. Испружен во калта, веќе не се пули кон ѕвездите. Но тогаш Галактус се враќа на Земјата -
не за да ја проголта, туку за да биде обожуван. За да го спаси светот од овој лажен бог, Сурферот ќе
мора повторно да ја јавне даската. Зашто, вистината е дека секој може да ги промени...
СИМНИ БЕСПЛАТНО
Еден лош
ден.
Според исцерениот двигател на лудило и сколободија познат како „Џокерот“, тоа е сѐ
што го дели здраворазумниот од пореметениот. Пак ослободен од ѕидиштата на Душевната болница
за криминални растројства „Аркам“, Џокерот цели да ја докаже оваа ненормална идеја. И за да
го стори тоа ќе ги искористи првиот полицаец во градот Готам, комесарот Џим Гордон и
неговата брилијантна ќерка Барбара.
Сега Бетмен мора да јури за да го запре неговиот
диндушман пред неговиот бран на уплав да удави двајца од најблиските пријатели на Мрачниот
Витез. Ќе може ли најпосле да го...
СИМНИ БЕСПЛАТНО