Со оваа трета збирка продолжуваме да кремнисуваме во умопоместувачките дела на Лавкрафт, со нагласок на расказите за „Сонишните предели“. Ќе се раскажува за баснословни градови на мечта чие соѕревање е достижно само за најупорните сонувачи, за кошмарни дијании чии брлози се безгазерните бездни на сон, но и за други стравотни собитија од коишто свеста никогаш не ќе може да закрепне.
399 ден
+140 ден достава ширум Македонија.
Доставата се плаќа при испорака.
Оваа збирка
продолжува кај што „Повикот на Ктхулху и други ужасии“ застана, раскажувајќи за ненавистни
гадосии од длабините, светосотирачки закани од позади ѕвездите и научни опити чиј дострел е
надвор од синорот на сфатливото. И сѐ ова изразено преку своеобразната проза на Лавкрафт,
акрибично преведена да ја долови атмосферата на бизарност и страв која остава траен талог од
реава слуз врз свеста на читателот.
399 ден
+140 ден достава ширум Македонија.
Доставата се плаќа при испорака.
Хауард Филипс
Лавкрафт (1890 - 1937) е татко на космичкиот хорор. Хорор кој не се
потпира на телесна опасност за да го ужасне читателот, туку на можноста за откривање на
забранети, исконски тајни од семирски раздобја кои го разбиваат разумот на оној кој ќе ги
дознае. ...
Обилни придавки, ретко употребувани зборови и фрази
неизговорливи за човечките јазични органи се само дел од одликите на прозата на Лавкрафт
со која тој ја ткае атмосферата на бизарност и закана. Сите овие јазични отстапки се
грижливо запазени во преводите во оваа книга и низ нив македонскиот читател за првпат ќе
може да го искуси афектот на апстрактна опасност која го пробива умот и се вгнездува во
мислите.
399 ден
+140 ден достава ширум Македонија.
Доставата се плаќа при испорака.
Доколку сакаш да нарачаш онлајн, но да платиш во готово без да регистрираш корисничка сметка на poligramaton.mk, слободно пиши ни на Instagram, Facebook или на kontakt@poligramaton.mk, и остави ни:
• Име и презиме
• Адреса
• Град
• Телефон
Ние ќе ти ја испратиме книгата по карго, а ќе платиш при испорака. Цената за достава во овој случај е 170 денари. Цената за книгата си останува иста.
Или, ако живееш во Скопје, можеш да дојдеш и сам да си ја земеш книгата. Вака нема да мора да плаќаш достава. За ова, пиши ни на Instagram, Facebook или на kontakt@poligramaton.mk.
Или, можеш да наминеш во некои од книжарниците тука и да си купиш книга од таму.
Купување повеќе примероци од истата книга:
На poligramaton.mk можеш да купиш само еден примерок од истата книга во период од еден час. Доколку сакаш да купиш повеќе примероци од истата книга, можеш да:
• Ни пишеш на Instagram, Facebook или на kontakt@poligramaton.mk, и ние ќе ти го испратиме саканиот број примероци по карго, а плаќањето ќе биде при испорака. Цената за достава за целата пратка во овој случај е 170 денари.
или
• Почекаш еден час помеѓу секое купување на истата книга. Сите книги ќе ти се достават како една пратка со вкупна цена на достава од 140 денари, под услов да се купени на истиот датум. Книги купени на различни датуми се испраќаат како различни пратки. Цената за секоја пратка е 140 денари.
Купување повеќе различни книги:
На poligramaton.mk нема „кошничка“, па секоја книга се купува посебно. Сите книги ќе ти се достават како една пратка со вкупна цена на достава од 140 денари, под услов да се купени на истиот датум. Книги купени на различни датуми се испраќаат како различни пратки. Цената за секоја пратка е 140 денари.
Или, може да ни пишеш на Instagram, Facebook или на kontakt@poligramaton.mk, и ние ќе ти ги испратиме саканите книги по карго, а плаќањето ќе биде при испорака. Цената за достава за целата пратка во овој случај е 170 денари.
Или, ако живееш во Скопје, можеш да дојдеш и сам да си ги земеш книгита. Вака нема да мора да плаќаш достава. За ова, пиши ни на Instagram, Facebook или на kontakt@poligramaton.mk.
Или, можеш да наминеш во некои од книжарниците тука и да си купиш книга од таму.
Постојат автори чие дело е вруток на цели жанрови. Без Толкин нема епска фантастика, без Лавкрафт нема космички хорор.
Цел на Полиграматон е да придонесе во развивањето на фантастиката и хоророт на македонски со збогатување на фондот на квалитетни преводи на бележити дела достојни на нивните оригинали, како и кршење на заблудата дека македонскиот јазик е сиромашен и не може да се токми со англискиот.
Сите преводи на страницава се мои и иако ги сметам за готови, сепак постојано ги тинтарам. Штом изработам нов, го додавам. Читањето и слушањето аудиокниги онлајн е бесплатно, но тие што претпочитаат хартија можат да си купат книга тука.