или доживувањето на Џон Ли
„Деца, да бидете мирни“ рече г-ѓа Ли „додека ме нема и да не правите бељи“. Г-дин и г-ѓа Ли излегуваа дента и ги оставија двете деца Џон 10 години и Алис 2 години „Добро“ одговори Џон
Штом старите Лиовци заминаа младите Лиовци појдоа во визба и почнаа да шуркаат низ ѓубрето малата алис се потпре на ѕидот гледајќи го Џон. Додека Џон правеше брод од даги од бочва девојчето продорно крикна како што циглите зад неа почнаа да се ронат Џон срипа да ѝ помогне и ја крена додека таа гласно врескаше штом поднамали со врескањето рече „го снема ѕидот“ Џон појде и виде дека има премин му рече на девојчето „да појдеме да видиме што е ова“ „Да“ рече таа влегоа во местото можеа да се исправат преминот се протегаше подалеку одошто можеа да догледаат Џон се врати горе и појде до фиоката во кујната и зеде 2 свеќи и кибрит и потоа се вратија во преминот во визбата. повторно влегоа по ѕидовите таванот и подот имаше малтер ништо не се гледаше освен една кутија оставена за седење но тие сепак ја проверија и видоа дека не содржи ништо продолжија да одат и наскоро малтерот престана и се најдоа во пештера Малата алис прво се исплаши но кога брат ѝ ѝ рече дека „нема од што да се плаши“ си го помири стравот. наскоро стигнаа до една мала кутија којашто Џон ја крена и ја зеде со себе за многу скоро наидоа на чамец во него имаше две весла мачејќи се го завлечка да го носи со него набрзо видоа дека преминот нагло завршува ја отстрани пречката и се вџаши кога се гргна порој од вода Џон беше првокласен пливач и долгоздивен штотуку Имаше земено здив па се обиде да исплива но виде дека е невозможно со кутијата и со сестра му потоа го здогледа чамецот како испливува го зграпчи…
Наредниот миг беше на површината цврсто стискајќи го телото на сестра му и загадочната кутија не можеше да сфати како водата имаше влезено но им се закануваше нова беља ако површината на водата продолжи да се издига ќе се издигне догоре наеднаш му светна мисла. можеше да ја запре водата и брзо-брзо така и стори и кревајќи го безживотното тело на сестра му во чамецот се качи и самиот и отплови по преминот беше грозоморно и нескојдневно потполно мрачно оти свеќата му беше изгасена од поплавата и мртво тело лежеше до него не се пулеше наоколу, туку веслаше да си го спаси животот кога најпосле погледна нагоре пак пловеше во визбата бргу се затрча по скалите со телото и виде дека мајка му и татко му си имаа дојдено дома Им ја раскажа приказната
* * * * * *
Погребот на алис им одзеде толку време што Џон потполно заборави на кутијата - но кога најпосле ја отворија најдоа дека има грутка чисто злато што вредеше околу $10,000 доволно да плати за сѐ и сешто освен за смртта на сеста му.
Крај