Услови при купување книги - Полиграматон

Услови при купување книги

 


Општо

Полиграматон е независна веб-страница каде што може да се читаат знаменити дела од жанровите на хоророт и фантастиката, грижливо преведени на македонски. Некои од делата можат да се купат и како физички книги. Сите преводи се изработени и сите книги се издадени од сопственикот на Полиграматон, Никола Кузманоски.
Купувањето книга го поддржува Полиграматон и директно придонесува за развојот на хоророт, фантастиката и добрите книжевни преводи во Македонија.


Регистрација

За да купиш книга онлајн на poligramaton.mk потребно е да регистрираш корисничка сметка. Причина за ова е поедноставување на купувањето и собирањето на личните податоци потребни за достава. Твоите лични податоци нема да бидат употребени за никакви други цели освен за спроведување на доставата на купените книги. Многу е важно да се осигураш во точноста на твоите лични информации при регистрирањето и пред купувањето.


Плаќање во готово и без регистрација

Доколку сакаш да да платиш во готово без да регистрираш корисничка сметка, слободно пиши ни на еден од начините споменати во секцијата Контакт подолу и остави ни:
 Име и презиме
 Адреса
 Град
 Телефон
Ние ќе ти ја испратиме книгата по карго, а ќе платиш при испорака. Цената за достава во овој случај е 150 денари. Цената за книгата си останува иста.

Или, ако живееш во Скопје, можеш да дојдеш и сам да си ја земеш книгата. Вака нема да мора да плаќаш достава. За ова, пиши ни на еден од начините споменати во секцијата Контакт подолу.


Плаќање со картичка

Сите онлајн плаќања на poligramaton.mk се извршуваат преку платежна картичка  и се спроведуваат преку платформа која нуди највисока безбедност за онлајн плаќања. За овозможување максимална сигурност, целосните детали на твојата платежна картичка нема да бидат зачувани во системот на poligramaton.mk после плаќањето. По секое успешно плаќање извршено на poligramaton.mk ќе добиеш имејл со потврда и подробности за плаќањето и доставата.


Достава

Доставата се врши по карго низ цела Македонија. Времето за достава обично е неколку работни денови. Непосредно пред испораката карго службата ќе те исконтактира по телефон за да ја потврди адресата и времето за достава.

Доставата се плаќа при испорака, во готово.


Купување повеќе книги одеднаш

Купување повеќе примероци од истата книга:
На poligramaton.mk можеш да купиш само еден примерок од истата книга во период од еден час. Доколку сакаш да купиш повеќе примероци од истата книга, можеш да:
• Ни пишеш на еден од начините споменати во секцијата Контакт подолу и ние ќе ти го испратиме саканиот број примероци по карго, а плаќањето ќе биде при испорака. Цената за достава за целата пратка во овој случај е 150 денари.
или
• Почекаш еден час помеѓу секое купување на истата книга. Сите книги ќе ти се достават како една пратка, под услов да се купени на истиот датум. Книги купени на различни датуми се испраќаат како различни пратки. Цената за секоја пратка е 120 денари.

Купување повеќе различни книги:
Секоја книга се купува посебно. Сите книги ќе ти се достават како една пратка, под услов да се купени на истиот датум. Книги купени на различни датуми се испраќаат како различни пратки. Цената за секоја пратка е 120 денари.
Или, може да ни пишеш на еден од начините споменати во секцијата Контакт подолу и ние ќе ти ги испратиме саканите книги по карго, а плаќањето ќе биде при испорака. Цената за достава за целата пратка во овој случај е 150 денари.


Промена/бришење на корисничката сметка

По регистрирањето, имаш право да си ги ажурираш податоците на твојата корисничка сметка или да си ја избришеш истата. Доколку имаш потреба да си ги промениш личните податоци или да си ја избришеш сметката откако веќе си направил нарачка, а истата сеуште ја немаш добиено, твоја одговорност e да ни пишеш во најкус рок преку еден од начините споменати во секцијата Контакт подолу, за да се осигураме дека доставата на твојата нарачка ќе е правилно спроведена.


Контакт

За сите прашања или проблеми можеш во секое време да ни пишеш на: