Стакленото шишенце - Полиграматон

Стакленото шишенце

„Обрни спротиветер, нешто плива на заветрина“ говорителот беше низок набиен човек чие име беше Вилијам Џонс. беше капетан на еден мал кет во којшто тој и една трупа луѓе пловеа во времето кога приказнава започна.

„Разбирам господине“ одговори Џон Тауерс и бродот беше запрен Капетан Џонс посигна со раката по предметот којшто сега го препозна дека е стаклено шише „Некоја флаша рум што ја фрлиле луѓето од некој брод што поминал оттука“ рече но од нагон на љубопитност посегна да ја земе. беше флаша за рум и сакаше да ја исфрли кога внатре забележа парче хартија. Го извади и виде дека го пишува следново


1 јан 1864

Јас кој го пишувам писмово сум Џон Џонс бродот бргу ми тоне натоварен со богатство јас сум кај што е обележано со * на вклучената карта


Капетан Џонс го сврте листот и на другата страна имаше карта



на работ беа напишани следните зборови


испрекинатата линија го означува курсот по којшто пловевме


„Тауерс“ возбудено рече капетан Џонс „читај“ Тауерс направи како што му се повелаше „Мислам дека ќе се исплати ако појдеме“ рече капетан Џонс „а ти?“ „Ќе да се исплати“ одговори Тауерс. „Уште денес ќе фатиме шкунер“ рече возбудениот капетан „Добро“ рече Тауерс и така зедоа брод и тргнаа раководејќи се по испрекинатите линии на картата за 4 недели стигнаа до местото кај што имаа тргнато и нуркачите се спуштија и се вратија со железно шише во него ги најдоа следните реченици начкрапани на парче кафена хартија


3 дек 1880

Драг трагачу извини за шегава што ти ја приредив ама заслужуваш да не најдеш ништо одошто си толку будала -


„Навистина заслужувам“ рече капетан Џонс „дочитај го“


Меѓутоа ќе ти го подмирам трошокот до и од местото кај што го најде шишето мислам дека ќе е $25.0.00 па оваа сума ќе ја најдеш во железна кутија Знам каде го најде шишето бидејќи јас тука ги оставив ова шише и железната кутија, а потоа најдов погодно место за второто шише се надевам дека вклучените пари ќе ти го подмират трошокот до некаде пријатно -

Анонимен“


        „Море главата би му ја скинал“ рече капетан Џонс „Нуркачу, ајде појди земи ги дваесет и петте долари часкум нуркачот се врати носејќи железна кутија во неа најдоа $25.0.00 им го подмирија трошокот но не ми се верува дека пак ќе им текне да одат на загадочни места по упатства од загадочни шишиња.