Постојат автори чие дело е вруток на цели жанрови. Без Толкин нема епска фантастика, без Лавкрафт нема космички хорор.
Цел на Полиграматон е да придонесе во развивањето на фантастиката и хоророт кај нас со збогатување на фондот на квалитетни книжевни преводи, како и кршење на стереотипот дека македонскиот јазик има сиромашен лексикон.
Сите преводи на страницава се мои и иако ги сметам за готови, сепак постојано ги тинтарам. Штом изработам нов, го додавам. Читањето е бесплатно, но тие што претпочитаат хартија или сакаат да ме поддржат мене и Полиграматон, можат да си купат книга тука.