Постојат автори чие дело е вруток на цели жанрови. Без Толкин нема епска фантастика, без Лавкрафт нема космички хорор.
Цел на Полиграматон е да придонесе во развивањето на фантастиката и хоророт на македонски со збогатување на фондот на квалитетни преводи на бележити дела, како и кршење на стереотипот дека македонскиот јазик е сиромашен и не може да се токми со англискиот.
Сите преводи на страницава се мои и иако ги сметам за готови, сепак постојано ги тинтарам. Штом изработам нов, го додавам. Читањето и слушањето онлајн е бесплатно, но тие што претпочитаат хартија можат да си купат книга тука.