Постојат автори од чие дело зависи постoењето на цели жанрови. Без Толкин нема епска фантастика, без Лавкрафт нема космички хорор.
Цел на Полиграматон е да придонесе во развивањето на жанровите на фантастика и хорор кај нас со збогатување на фондот на преведени дела, како и кршење на стереотипот дека македонскиот јазик не е кадар за преведување или изразување на некои работи.
Сите преводи на страницава се мои и иако ги сметам за готови, сепак постојано ги тинтарам. Одвреме-навреме изработувам и додавам по некој нов.