Епопеја за Леитиан (извадок) - Полиграматон

Епопеја за Леитиан (извадок)


Се разбаја песна маѓепсничка,
да отвори, продре, предавничка,
што растајнува, открива, издава.
Но Фелагунд тогаш се залула
и запеа песна што затрајува.
Против моќта да искрепи, трајна,
цврста ко кула, да зачува тајна
и не скрши верба, за слобода, бег,
да измени облик и промени тек,
да избегне пранги, раскрши замка
и раскине зандански синџир ко сламка.
Де ваму, де таму се лулаа в песна,
батисувајќи, мотајќи се и саде побесна
бајачката се поду, Фелагунд се спотна,
ја донесе целата маѓија моќна
од Вилиндом во својот си збор.
Во темата тивко, наслушаа хор
на далечни птици од Нарготронд,
таа слика од отаде морето,
од отаде светот на запад, тој рај
на бисерна песок, тој Вилинкрај.
Но темата згусна, мрак одново никна
во Валинор крвта црвена бликна
крај Морето кај што Нолдорите тепајќи
ги Пенојавачите отпловија, грабајќи
им бродови бели со белите едра
од пристани сјајни. Ветришта гребат.
Волкот вие. Гавранот бега.
Мрмори мразот од Морето, стега.
Плениците жалаат тажни во Ангбанд.
Грмежи татнат, огинот гори-
И личниот Финрод пред престолот падна.


*Извадок од Силмарилионот, од поглавјето „За Берен и Лутиен“.